Фотосесија на Џесика Алба за „The Edit“

23 ноември, 20150
12

Холивудската убавица Џесика Алба била ангажирана да го краси новото издание на „The Edit“. 34-годишната актерка позираше во зимски и удобни креации за дигиталното списание.

Себастијан Ким ја фотографираше Алба, која за едиторијалот носеше плетени парчиња облека избрани од Трејси Тејлор.

Во интервјуто, Алба изјавила дека сите околу неа се сомневале во нејзината одлука да ја основа компанијата „Honest Company“, која денес е проценета на 1,7 милијарда долари.

– Луѓето во Холивуд ме потценуваа. Тие апсолутно, 100 проценти мислеа дека сум луда. Тоа ме нервираше. Но како жена, како актерка, се соочував со тоа и претходно. Луѓето мислеа дека ќе направам сè за да напредувам и да бидам успешна. Никогаш не сум била таква девојка. Никогаш не влегував во врска со некого за да успеам  – изјавила Алба и додала дека сомнежите во нејзините планови биле гориво кое ја поттикнувало да успее.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş