
Холивудскаа актерка позната по својот гламур и сексапил, овојпат се надмашила самата себе. Додека чекорела по црвениот тепих во Лондон, Салма Хаек (49) бројните обожаватели сигурно ги оставила со отворена уста.

Имено, холивудската актерка на доделувањето на наградите во Лондон пристигнала во тесен и екстремно деколтиран фустан. Салма со својата појава успеала да ги импресионира сите присутни, но додека позирала, делувало како да не забележува колку внимание предизвикала.

Косата ја кренала во пунџа со што нејзиното раскошно деколте уште повеќе дошло до израз, а актерката делувала и помладо за своите години.
