Гордоста е способна да ја убие и најсилната љубов

26 април, 20150
6

Една мудрост вели дека “гордоста е способна да ги убие и најблагородните пориви на љубовта”. И навистина има толку случаи во кои, поради нечија гордост, љубовта не е можела да ги рашири крилјата и да полета, оставајќи го под себе океанот од негативизам.

Љубовта не може да постои, ако гордоста е посилна од неа. А гордоста е всушност неспособноста или неподготвеноста да направите компромис со себе во името на заедничката среќа со некој човек. Звучи апсурдно, но примерите во реалниот живот се многу. Пазејќи си го достоинството, мислата дека со голтањето на гордоста и правејќи компромис, реално се предавате себе си, и играјќи си на мачка и глушец, многумина дозволуваат сосема свесно љубовта да им се измолкне меѓу прстите.
Гордоста има многу лица, секое од нив секогаш се доживува како лошиот лик во секое сценарио. Понекогаш гордоста и стравот од понижувањето да бидете одбиени пречат да го направите првиот чекор, признавајќи си ги чувствата. А можеше тоа да биде љубовта на вашиот живот… Во следното сценарио гордоста ве спречува да кажете “Извини!”, “Прости ми!”, “Сеуште те сакам!”, “Да бидеме повторно заедно”. И еден ден можеби ќе сфатите дека сте ја испуштиле љубовта на својот живот, а таа ви била во рацете… Драматичната приказна продолжува со моментот во кој одбивате да ја проголтате гордоста и да простите нечија грешка.

Гордостта убива любовта

И сето тоа, затоа што сакате да покажете цврстина, непоколебливост, да докажете моќ, од која нема да имате никаква полза, откако ќе останете сами. И додека гордоста се обидува да владее над љубовта, љубовта ужива во нејзината едноставност,  станувајќи среќна и од оваа позиција ќе ја симне гордоста на пониско ниво. И тоа е токму моментот кога ја сфаќате огромната грешка, имено дека сте биле горди не во вистинскиот момент и не пред точниот човек (оној кого вистински го сакате).

Гордоста може да биде основана или деструктивна. Но почесто преовладува погубното чувство што ви пречи да ја видите, почувствувате и доживеете љубовта во сите нејзини прекрасни манифестации. А треба да биде токму спротивното – да бидете горди на љубовта, од човекот до себе, од тоа што сакате и сте сакани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *