Знаци кои ќе ви покажат дека вашиот организам е затруен од отрови

popara26 април, 20151min00
13

1. Нагли промени на расположението

Стресот е магнет за токсините кои го слабеат организмот до таа мерка што доаѓа до намалување на енергијата во телото, поради што се појавува чувството на страв, нервоза, лутина и љубомора.

Совет: Научете да се опуштите – ова е најдостапниот совет и најевтиниот лек против стресот кој можете да си го дозволите на своето тело – најмалку три пати во денот по десет минути мир. Скокнете ги лошите навики во стресните моменти и наместо кафе и цигари, посегнете по чај и свежо овошје.

2. Надуеност

Динамичниот дневен ритам не’ тера да посегнеме по нездрава храна, па наталожените масти и шеќери во комбинација со стресот го забавувааат нашиот метаболизам и предизвикуваат надуеност.

Совет: Во својата исхрана внесете што повеќе состојки кои ги елиминираат токсините во телото како што се лимонот, јадете свежо овошје и зеленчук, житарици од цело зрно и пијте чаеви од коприва и бреза.

3. Намалување на концентрацијата

Тивкиот показател на токсините во телото кои предизвикуваат бурни реакции е падот на концентрацијата поради кој не губиме само желба за работа, туку сме и во состојба да паничиме и со тоа и да ја влошиме ситуацијата.

Совет: Телото е исто како и компјутерот на кој од време на време му треба рестарт, и доколку не го правиме тоа, може да дојде до целосна блокада. Научете да ги препознавате јасните симптоми кои ви ги праќа телото и овозможете му одмор со прошетка во природа, дружење и зголемен внес на минерали во телото.

4. Лош квалитет на кожата

Масната кожа и испуканите капилари се последица од токсините кои го спречуваат минувањето на хранливите материи преку епидермот на кожата поради што доаѓа до затворање на порите на најголемиот орган на нашето тело.

Совет: Физичка активност, пилинг и масажа воведете во секојдневната рутина бидејќи единствено на овој начин можете да го разбудите заспаното тело и вашата кожа. Значаен ефект на чистење на телото и кожата имаат здравите напитоци.

5. Потреба за нездрава храна

Нездравите оброци се навика, а зголемената потреба за нив е знак дека вашето тело е во опасност и потребно му е запирање на желбата за нездрава храна. Токсините од храната во денешно време се едни од најголемите виновници за разните болести на крвниот систем и тие го стопираат работењето на бубрезите и црниот дроб.

Совет: Овозможете си на себе пет дена чистење со свежо цедени сокови од овошје и зеленчук. Исфрлете ги јаглените хидрати и месото од исхраната. Не заборавајте да ги отфрлите и газираните сокови кои можете да ги замените со соковите од вистинско овошје и зеленчук.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *