Грешки поради кои мажите постојано бегаат од вас

2 февруари, 20150
3
Ако повеќе пати ви се случувало различни луѓе на ист начин да реагираат на вашето однесување, тогаш со сигурност правите нешто погрешно.

Често се случува несвесно да правиме едни исти нешта кои всушност не ги сфаќаме сериозно, но и со кои едноставно ги одбиваме луѓето од себе без да забележиме.

Ова се петте најчести навики со кои може да ги одбиете луѓето од вас:

Сакате да зборувате

Дури и да сте супермодел, контантното “брборење” успешно ќе ги одбива луѓето од вас. Луѓето кои премногу зборуваат оставаат впечаток дека се луѓе кои се плашат од тишина и кои очајнички се обидуваат да испаднат духовити, а всушност не се ниту најмалку спонтани, а тоа секако се забележува. Секако, не треба да се ограничувате и константно да молчите, но пуштете ја другата страна постепено да ве запознава, а така ќе делувате и поинтересно, при што најдобро би било да не откривате сосема се’ за вас.

Брзате со развојот на случувањата

Запознавте некој кој ви се допаѓа, излеговте на неколку кафе-состаноци и можеби сте се бакнале и вие веднаш сонувате за брак, деца и куќа полна со цвеќе? Форсирањето е погубно за секоја врска бидејќи првенствено делува очајнички па дури и оној на кој навистина му се допаѓате може да избега од вас исплашено. Со ваквото однесување оставате впечаток за личност која има одредени цели кои сака да ги исполни и на која воопшто не и е важно каков е нејзиниот партнер. Советот е едноставен, намалете ги очекувањата и бидете реални!

Ги споменувате поранешните партнери

Поголемиот дел од луѓето имаат некое свое љубовно минато и проблеми кои ги влечат со себе си. За да влезете во една сосема нова врска, потребно е да раскинете со минатото. Невозможно е да се биде потполно искрен во нова врска, а притоа да сте се’ уште заљубени во поранешниот партнер. Ако притоа константно го споменувате поранешниот партнер, на новиот јасно ќе му дадете до знаење дека сте премногу опседнати и оптеретени со минатото за да имате светла иднина со него.

Премногу ја потенцирате вашата самостојност

Премногу истакнувања околу тоа колку вашиот живот е исполнет и совршен, како и тоа дека речиси и да немате време за врска можеби говори дека сте самостојни, но и дека на вас не ви е потребен никој. Ако константно истакнувате како вашиот живот е забавен и претрпан со обврски и дека сте потполно задоволни самите со себе, ќе ги обесхрабри сите оние кои можеби ќе посакаат нешто повеќе со вас.

Премногу сте чувствителни

Ако подолго време сте биле сами или сте излегле од врска во која самодовербата ви била сериозно нарушена, како последица на тоа често пати се јавува прекумерна чувствителност. Лутење за секоја ситница, невозможност да се пошегувате на сопствена сметка, пасивна агресија и прекумерно само пофалба претставуваат одраз за одбрамбен механизам кој делува незрело и потполно непривлечно за спротивниот пол.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi