Зошто не е препорачливо да се впуштите во секс авантура на првиот состанок

2 февруари, 20150
4
Сексот е сепак многу подобар кога добро го познавате партнерот, тврди токму еден маж.

Кога е вистинско време за стапување во интимни односи со партнерот? Ова е прашањето кое за многу жени претставува вистински извор на анксиозност и конфузија, што зависи и од неколку причини: воспитанието, претходните искуства, личните очекувања, стравот од искористување, стравот од сексуално преносливи болести, итн.

Да се пронајде вистинскиот одговор е навистина тешко, па речиси и невозможно, бидејќи секоја врска е приказна за себе и секој пар формира свој пат по кој ќе се движи во иднина. Сепак, еден маж се одлучи да ги советува жените дека токму за нивна безбедност, мирна совест и сочувување на доброто здравје, би било најдобро пред се’ да ја запознаат добро личноста со која сакаат да бидат интимни, а според него, само неколку состаноци не се воопшто доволни за да се запознае една личност.

Секако, тука се и Facebook пораките и мобилниот телефон, но единствен начин за вистински добро да запознаете некоја личност е да минете подолго време со неа.

За тоа време, добро надгледувајте го партнерот, обидете се да ги откриете неговите намери и да утврдите дали тој човек го заслужува вашето внимание и вашето скапоцено време. Ако навистина сакате стабилна врска, многу е важно пред се’, да бидете поврзани на духовно, интелектуално и емотивно ниво, па дури потоа и на физичко ниво.

Според овој маж, би требало да почекате да поминат барем 10 состаноци или отприлика три месеца пред да се впуштите во интимни односи со партнерот. Ако тој не е сериозен, нема ниту да сака да почека толку долго време. Меѓутоа, ако тој ве носи на состаноци, наместо да минувате часови во неговиот дом, ако редовно ве повикува телефонски и има желба да ве запознае со семејството или пријателите, ако го интересира вашиот личен живот и се нуди да ви помогне кога е тоа потребно, и секако, ако не ви врши притисок за да бидете интимни со него, тогаш се работи за маж на кого навистина му е грижа за вас.

Без оглед на се’, запомнете дека ако пред се’ и вие се цените самите себе си, тогаш ќе ве цени и тој!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *