Вака мажите испраќаат сигнали дека се заљубени

2 февруари, 20150
11

Мажите не се секогаш најдобри во изразувањето на емоции, ниту пак имаат навика како жените, со часови да размислуваат за тоа како се чувствуваат. Но, токму поради тоа што не зборуваат многу за нив, постојат други начини со кои ви покажуваат дека им значите.

Ви праќаат банални пораки

Колку побанални се пораките, тоа е знак дека е заљубен. На пример, ако ви напише дека видел во излог книга која го потсетила на вас, значи дека го погодила Аморова стрела.

Зачестени повици

Постојат три причини зошто мажот го зема телефонот во рака: поради работа, во итни случаи и за да го слушне нејзиниот глас.

Ви бара совет

„Што мислиш како ќе му се допадне овој подарок на мојот пријател?“, „Која боја на кошула би можел да купам?“. Ова се прашања кои мажот и ги поставува на жена кога е заљубен.

Пријателите измислуваат шеги на негова сметка

Ако слушнете дека пријателите го исмеваат дека станал досаден, дека веќе не е добро друштво за доцни ноќни излегувања, тогаш тоа е знак дека тој до уши е вљубен во вас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *