Хороскопот ги открива сродните души

9 јануари, 20150
10

На прашањето дали постојат сродни души, хороскопот дал потврден одговор.

И со тој одговор ни дава шема спрема која за секој хороскопски знак предложува во кои знаци се кријат нивните сродни души.

А тоа погледнете го во продолжение.


ovenОвен

За тебе љубовта е страст и возбудување. Сакаш да флертуваш и речиси секогаш го освојуваш мажот кој ќе го посакаш затоа што е невозможно да оддолее на твојот шарм и духовитост. Тој е потполно воодушевен од твојата желба да го имаш и на сето она на што си спремна да го направиш како би му ја докажала својата љубов.

Твоја сродна душа: Ловци како што се Стрелец и Лав, најдобар се плен.

Taurus zodiac sign as a beautiful girlБик

Моќниот Бик е еден од најромантичните знаци. Ти сонуваш за совршен принц кој ќе те држи за рака и опсипува со мали подароци. За возврат, ќе ти биде задоволство да го размазиш. Ти не играш игри во љубовта, ниту сакаш мажи кои ги играат. Трпението и одлучноста ти дозволуваат да го чекаш совршениот партнер отколку да трошиш време на обична врска.

Твоја сродна душа: Рибите се привлечни кон твојата чувствителна страна, но силните Шкорпии прават срцето брзо да ти бие.

blizБлизнаци

Ти си мајстор во флертот и каде да се појавиш зад себе оставаш многу машки скршени срца. Не сакаш никого да повредиш, но момците едноставно се заљубуваат во начинот на кој се смееш или ја местиш косата. Уживаш во сите овие игри се додека не го пронајдеш вистинскиот покрај кого ќе се скрасиш.

Твоја сродна душа: Тебе те привлекува самостојната Водолија, но идеален знак е Стрелецот затоа што ќе го сака твојот авантуристички дух и е мајстор во флертот како тебе.

Cancer zodiac sign as a beautiful girlРак

Ти си чувствителна љубовна птица. Тебе ти е потребен маж кој сака да се мази како и ти, но во исто време да ги почитува и твоите старомодни стандарди. Важно ти е да се допадне на твоите родители твоето оче затоа што семејството ти е најважно. Твој идеален состанок е да останете дома и да уживате гледајќи заедно филм.

Твоја сродна душа: Нежната страна на Девицата излегува на површина во твоето присуство.

lavЛав

Кралската Лавица сака да биде главна во љубовта. Мажите помалку ги плаши твојата самоувереност и независност додека не те запознаат. Вистината е дека моќната кралица на џунглата може да стане преплашено маче кога некој маж ќе и го скрши срцето. Длабоко во душата, ти си мачка која сака да има само едно момче кој ќе го нарекува свој. Длабоко си предадена и тоа и го бараш од партнерот.

Твоја сродна душа: Близнаци и Стрелец ти нудат возбудување, но покрај Ракот се чувствуваш сигурно и сакано.

Virgo zodiac sign as a beautiful girlДевица

Срамежливата Девица не е од оние кои љубат, а после зборуваат за тоа. Љубовта е приватна работа помеѓу тебе и твојот дневник. Твојот љубовен стил е подобро да го оставиш да се прашува отколку да го направиш првиот чекор или бесрамно да се фрлиш на него. Ти не сакаш да бидеш мистериозна. Во суштина, ти си потполно отворена и искрена, штом ќе одлучиш да дозволиш да ти се приближи момчето. Меѓутоа, пред да дозволиш тоа да се случи, тој ќе мора да те импресионира со својот ум.

Твоја сродна душа: Ти го почитуваш сензибилитетот на Јарецот.

vagaВага

Твоите магични моќи ти дозволуваат да го привлечеш токму оној тип кој го сакаш, а потоа ги фрлиш магиите кои направат тој безнадежно да се вљуби во тебе. Ова не значи дека си пребирлива. Твоето момче мора да изгледа добро и да се облекува добро како и ти.

Твоја сродна душа: Не можеш да го игнорираш начинот на кој Овенот влегува во просторијата, но тој не е вистинскиот за тебе. Ракот ќе те обожава како никој друг.

skorpijaШкорпија

Не се плашиш да се бориш за љубов. Кога ќе забележиш некој ти инстинктивно знаеш што ќе направиш и кажеш за да тој те посака. Ти си толку добра во играта на заведување што тој ќе помисли дека те брка тебе. Ти конците секогаш ги држиш во своите раце. Емоциите ги држиш заклучени се додека не си сигурна дека можеш да му веруваш. А тогаш, тој нема да запознае поинтензивна љубов од твојата.

Твоја сродна душа: Паѓаш на Риби и Рак.

strelecСтрелец

Кога е во прашање љубовта, ти си опуштена. Мажите паѓаат на тебе затоа што не се замараш и не драмиш без потреба. Сакаш типови кои сакаат добра забава, имаат авантуристички дух и се спонтани. Потребно е да бидат искрени и да го почитуваат тоа што ги гледаш работите такви какви што се. Длабоко во своето срце, мечтаеш за патувања, па често те привлекуваат мажи со егзотичен изглед или оние кои потекнуваат од далечни места.

Твоја сродна душа: Водолија или Близнаци.

jarecЈарец

За тебе љубовта е сериозна работа. Нема шанси да го доведеш своето срце во опасност освен ако не си сигурна дека чувствата ти се возвратени. Сакаш да ја испиташ околината, а потоа лесно да впловиш во врска. Пријателите играат огромна улога затоа што често ти даваат важни информации.

Твоја сродна душа: Бикот и Девицата те разбираат подобро отколку било кој.

vodolijaВодолија

Ти си независна. Најголеа грешка кој некој може да ја направи е да ти ја загрози слободата. Не сакаш љубовта да управува со целиот твој живот. Петок сакаш да се видиш со него, но затоа сабота излегуваш со пријателките. Ако не му одговара, го отпишуваш. Исто така потребно е да има самодоверба за да го разбере твоето срце кое е доволно големо да ги сака сите.

Твоја сродна душа: Девицата е добар за тебе затоа што и тој сака да има слобода.

ribiРиби

Астролошката божица на љубовта е најсреќна кога навистина е заљубена. Ти си романтик кој потполно верува во постоењето на сродни души. Спремна си да ја превртиш и земјата за да ја пронајдеш твојата. Кога ќе ја пронајдеш ќе направиш се за неа, но понекогаш е грешка неговите потреби да ги ставаш пред твоите.

Твоја сродна душа: Ракот ја чувствува твојата болка и ја дели твојата радост подобро отколку било кој друг знак.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *