Ирина ја потврди разделбата со Роналдо

19 јануари, 20150
4

Ирина Шајк ги потврди пишувањата на таблоидите за раскинувањето на врската со Кристијано Роналдо. Шајк и Роналдо беа во врска пет години.

Откако Роналдо на доделувањето на Златната топка се појави без Шајк, почнаа шпекулациите за нивната разделба. Според таблоидите главна причина за раскинувањето се несогласувањата помеѓу Шајк и мајката на Роналдо, но во официјалната изјава на Ирина стои дека семејството нема никаква врска со причината за нивната разделба.

Претходно, нејзината ПР компанија изјави дека таа не била присутна на Златната топка поради тоа што не се вклопувала во нејзиниот работен распоред, но неколку денови подоцна официјално потврдија дека таа и Роналдо повеќе не се заедно.

„Можеме да потврдиме дека Ирина Шајк повеќе не е во врска со Кристијано Роналдо“ – стои во изјавата што ја пренесе Page Six.

„Сите негативни шпекулации поврзани со Ирина и семејството на Роналдо се лажни и тоа воопшто немаше влијание врз причината за нивната разделба. Ирина засега нема друг коментар во врска со ова“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi