Кристијано Роналдо и Ирина Шајк ја започнаа 2015-та со веста за нивното раскинување, а неколку недели подоцна светските медиуми сè уште се интересираат за причината.
Првично беше соопштено дека Ирина не се сложувала со мајката на Кристијано, како и дека немала доволно интерес да биде мајка на Кристијано Јуниор.
Но, сега на ред се шпекулациите кои се во корист на Ирина, а го напаѓаат Кристијано.
Наводно, Ирина му раскинала заради честите неверства и шпекулации кои повеќе не можела да ги поднесе.
Уште во 2012-та започна да кружи трач за секс авантурата на Роналдо со португалската ТВ репортерка Рита Переира.
По неа следуваше аферата со мисицата со најдобар задник Андреса.
Плус, фотографиите на кои Роналдо се забавуваше со полуголи девојки во бикини во Лас Вегас минатото лето, не му беа од помош.