Погледнете го ова необично издание на Јелена Карлеуша во кое носи многу сличен фустан и фризура какви што неодамна носеше и најпознатата старлета во светот, Ким Кардашијан.
Јелена која деновиве е во Истанбул на посета кај нејзиниот сопруг, на Инстаграм објави една интересна фотографија на која носи едноставен бел фустан со необичен детаљ во вид на наметка. Имено, станува збор за многу слична креација на онаа што пред неколку месеци ја носеше Ким Кардашијан на доделувањето на наградите на InStyle кога беше критикувана дека наликува на снешко.
Но, за разлика од нејзината комбинација која не би сакале да ја коментираме, мораме да признаеме дека Јелена изгледа фантастично во ова издание.