Како да се одлободите од непријатните мириси во машината за перење алишта

12 декември, 20150
11

Помислата на перење алишта многумина ги асоцира на мирис на чистота, но често се случува тоа да не е случај. Многу од вас веројатно се сретнале со непријатен мирис на перените алишта, иако штотуку ги извадиле од машината. За оној најлошиот мирис некои тврдат дека потсетува на „мирис на мокро куче“, кој останува и по неколку перења на алиштата на различни програми и речиси е невозможно да се ослободите од него.

Причини за непријатниот мирис

Причината за непријатниот мирис можат да бидат остатоците од нечисторија во гумата на машината, предолго оставање на алиштата во машината и габички односно мувла.

Понекогаш причината за лошиот мирис може да биде и лошата комбинација на детергент и омекнувач за алишта. Мувлата, пак, може да се храни со остатоците од пена од детергентот, особено ако сте склони кон обилно ставање на средства за перење алишта.

Можеби мислите дека од овие мириси можете да се ослободите само со „тешка хемија“, но не е така. Вообичаените куински средства можат да ви бидат од голема корист.

Како да се ослободите од непријатниот мирис

Мувлата сака темни и влажни места, а машината за перење спаѓа во овој опис. Постојат бројни методи со кои можете да ги исчистите несакани наслаги и нечистотија, а притоа повторно да имате миризливи алишта.

Алкохолен оцет – спас за машината за перење

Алкохолниот оцет е проверено природно средство за отстранување на сите причинители на непријатни мириси и за одржувањето на чиста машина за перење. Додавањето на алкохолен оцет при секое перење ќе ви заштеди многу маки и ќе ве ослободи од непријатните мирис. Тој ги убива бактериите, ја омекнува водата и делотворно ги отстранува тврдокорните наслаги, па и дамки на облеката.

Ако сакате да го избегнете мирисот на оцет можете да му додадете неколку капки етерично масло, така што вашите алишта ќе мирисаат прекрасно. Комбинацијата со етерично масло е одлична и како омекнувач. Комерцијалните омекнувачи ако се користат прекумерно предизвикуваат побавно сушење на алиштата, поради што тие се склони кон создавање на непријатни мириси.

Месечно чистење на машината за перење

Во преградата за омекнувач ставете една шолја оцет, а диретно во машината една шолја сода бикарбона. Пуштете ја машината на најкратката програма, а на најјака температура, и вклучете додатно плакнење.

Што да направите ако алиштата останат предолго во машината

Многумина ги мачи овој проблем, на сите им се случило ова некогаш, но без грижа има решение.

За алиштата да се ослободат од непријатните мириси, во машината додадете една шолја мешавина од сода бикарбона и оцет, ставете детергент во ппреградата за детергент и вклучете ја машината. Кога детергнетот ќе почне да пени, исклучете ја машината и оставете ја да одстои преку ноќ. Наутро повторно вклучете ја, алиштата нека се исперат уште еднаш на вообичаената програма, а после перењето исушете ги на отворено доколку имате можност.

Отстранување на нечистотијата со боракс

Бораксот е природно средство која ја уништува мувлата, било на облеката или во машината за перење. Можете и да го додадете на детергентот.

Пред перење растопете половина лажица боракс во врела вода. Додадете го растворот во преградата за детергент и со него исперете ги алиштата. Познат по своите антигабични дејства, воедно и ќе ја дезинфицира вашата облека.

Важна е и температурата на водата

Користењето на студена вода за перење на алиштата е во ред, но притоа е многу важно превентивното одржување на машината за перење. Ако често користите пониска температура или студена вода, нужно е темелно да ја чистите машината неколку пати во годината поради насобраните остатоци од детергент, маснотии, храна и други нечистотии.

  • Одржувајте ја вашата машина за перење алишта чиста и свежа.
  • Самото испирање на машината со врела вода ќе ги реши вашите проблеми.
  • Еднаш месечно дозедорирајте ја со оцет.
  • По перењето секогаш оставајте ја врата од машината отворена, со што ќе се спречи појавата на бактерии и мувла.
  • Бришете ги остатоците од детергент и омекнувач барем на секои две недели.
  • Користете соодветен детергент за вашата машина.
  • Не користете повеќе детергент и омекнувач од што е потребно. Почитувајте ги препорачаните дози.
  • Секогаш перете ја облеката на соодветната температура.
  • Не ја преполнувајте машината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi