Како навистина треба да се одмрзнува пилешкото месо?

13 ноември, 20150
4

Најдобро и најздраво е да подготвувате свежо пилешко, но ако секојдневните обврски не ви дозволуваат, треба барем правилно да го замрзнувате и одмрзнувате месото.

Пилешкото многу брзо се замрзнува, но му треба долго време за да се одмрзне.

Во случај да ви се брза, никогаш не го одмрзнувајте во врела вода, туку користете микробранова.

Ако имате малку повеќе време, замрзнатото месо најдобро е да го одмрзнувате во обичен фрижидер. Притоа морате да имате предвид дека месото треба да отстои во него барем 24 часа.

Трет начин на одмрзнување е во студена вода, при што водата треба да ја менувате на 30тина минути.

Одмрзнувањето на собна температура или во топла вода е строго забрането затоа што месото го губи квалитетот. На тој начин ризикувате да се заразите со штетни бактерии кои се јавуваат на повисоки температури, посебно во лето.

Исто така кога го замрзнувате месото, водете сметка да замрзнувате мали количини и порции, затоа што еднаш одмрзнатото место не смее повторно да го ставите во замрзнувач.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber