Како правилно да нанесете сенка?

30 декември, 20150
5

Ако имате проблем да ги разберете сите комплицирани туторијали, оваа едноставна мапа ви покажува каде треба да ги нанесете сите производи за очи:

cas-po-sminkanje-za-pocetnici-na-koj-del-od-okoto-da-nanesete-senka-02.jpg

Коската под веѓата

Ако сакате да ги истакнете веѓите и визуелно да ги зголемите очите, нанесете светла сенка веднаш под нив, на испакнатата коска.


Раб

Главните бои на сенките одат токму тука.


Преклоп

Се наоѓа помеѓу самиот капак и коската под веѓата и тука би требало да нанесувате малку потемни сенки за да им дадете димензија на очите.


Надворешниот агол

На надворешниот агол на окото се нанесуваат темни сенки и туш за очи и тоа во облик на легнато V.


Линијата под трепките

Таму каде што завршува капакот и почнуваат трепките е идеално место за нанесување на туш. Исто така од тука треба да започнете со нанесување на маскарата.


Внатрешната линија на окото

Или водената линија може да биде местото каде нанесувате темно моливче ако сакате зачадени очи или светла нијанса на моливче ако сакате очите да ви делуваат големи и отворени.


Долен раб

Долниот раб може да го искористите за нанесување на креон или сенка за да ги дефинирате очите и да создадете поостар поглед.


Внатрешен агол

Тука е доволно да нанесете малку светла сенка за да го зголемите окото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus girişEskişehir Odunpazarı Escort Işıltı