Како ви покажува дека е готово според хороскопcкиот знак

28 декември, 20150
17

Мислите дека го пронајдовте вистинскиот, но дали и тој го чувствува истото?

Во прилог ви нудиме мало упатство како секој хороскопски знак се однесува кога нема исти чувства спрема вас.

ОВЕН

Овните не умеат да лажат и тешко им е да одржуваат лажна слика на добра врска. Тоа што го гледате тоа и го добивате.
Ќе ви биде тешко да слушнете дека е крај но барем ќе знаете на што сте.

БИК

Ако бикот престанал да ви носи цвеќе, чоколадо и останати ситници кои порано нон стоп ги правел тоа е знак дека повеќе не е заинтересиран. Впрочем тоа ќе ви стане јасно и поради тоа што повеќе нема да ги чувствувате некогаш долгите и сензуални бакнежи кои сега ќе ги добивате колку да се каже дека ве бакнал.

БЛИЗНАЦИ

Близнаците имаат многу пријатели, но на вас е посветено посебно внимание. Кога тоа нема повеќе да се случува тогаш треба да знаете дека тие го губат интересот за вас.

РАК

Веројатно поминувате поголем дел од времето да го сфатите својот рак. Ако се смее заедно со вас, ако се грижи за вас и е романтичен тогаш и понатаму ги има истите чувства, но ако станува непријатен и негодува додека е со вас тогаш треба да ја прифатите грдата вистина.

ЛАВ

Лавовите се во основа дарежливи и тогаш кога веќе немаат исти чувства спрема вас. Секако тој ќе се потруди да ви ја соопшти вистината, но пред тоа ќе се однесува како специјален пријател со вас.

ДЕВИЦА

Ако девицата го губи својот интерес за вас, прв знак ќе биде што тој ќе биде почесто “болен“.
Некој ден кој на вас ви е важен, тој ќе го расипе со неговата главоболка или стомачен вирус. Оваа состојба ќе продолжи во недоглед. Толку ќе ве исцрпи неговото однесување што на крај вие ќе ја прекинете врската.

ВАГА

Многу е тешко да ја натерате вагата да ви каже кога е готово. Ќе се однесува со вас исто како и секогаш така што нема да знаете дека нешто не е во ред. Исто ќе ве бакнува, милува се додека еден ден не го видите со некоја друга.

ШКОРПИЈА

Бидете внимателни ако имате партнер кој е шкорпија, тој ќе се потруди да направи се да изгледа како да е ваша вина. Тие никогаш не се виновни, секогаш сте вие. Кога ќе престане да ве сака шкорпијата дури и ќе го изгуби апетитот.

СТРEЛЕЦ

Стрелците не се тактични. Мали се шансите дека ќе успеат да скријат нешто од вас, па дури и фактот дека не го интересирате повеќе.

ЈАРЕЦ

Јарците имаат изразено чувство на должност кое се однесува на нивната врска. Тое се во состојба да ја одржуваат врската на исто ниво како на почетокот, и долго откако ќе го загубат интересот за вас.
Нема да ви кажат ништо но поголем дел од времето ќе го поминат на работа или на деловни патувања. Па така ќе знаете дека нешто не е во ред.

ВОДОЛИЈА

Ако сте во врска со водолија тогаш сте најдобри пријатели од самиот почеток на врската. А како најдобар пријател, тој ќе има потреба да ви го соопшти фактот дека повеќе не ве сака

РИБИ

На рибите им е потребно најмногу време за да ви соопштат дека вашата врска е завршена. Тие чувствуваат вина и не сакаат да ве повредат. Во состојба се да изнакажат цел куп на лаги за да се заштитат себе.
Но на крајот лагата ќе исплива на виделина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *