Кина на светската финансиска сцена ја добива титулата за нова светска банка

popara2 јануари, 20151min00
17
За разлика од ММФ, оваа држава нема да нуди посебни услови за своите кредити кои што се во спротивност со суверенитетот на должничките нации.

Имено, Кина на светската финансиска сцена ја добива титулата за нова светска банка, а тоа е и сосема нормално. Така, додека САД има трилиони долари долг, Кина поседува трилиони во доларски резерви.

Кина веќе со децении е голем заемодавец за САД, купувајќи обврзници од стотици милијарди долари во САД, а со тоа што се здружи со Аргентина, Венецуела и Русија, Кина има за цел да ја прошири својата работа на глобално ниво.


Така, Кина сега, за разлика од ММФ, ќе им позајмува пари на оние држави кои што Западот сака да ги казни, а исто така, за разлика од ММФ, “економскиот џин” нема да вклучува посебни услови за своите кредити кои што се во спротивност со суверенитетот на должничката нација.

Потегот на Пекинг за спасување на Русија, покрај неодамнешната помош на Венецуела и Аргентина, сигнализираат смрт на повоениот свет, а воедно претставува и почеток на крајот на основната улога на Америка во економијата. Очигледно е дека новата Азиска банка за вложување во инфраструктурата ќе ја уништи Азиската развојна банка “ADP”.Со својата улога на позајмувач, Кина во последен миг започнала нов вид на економски развој.

Владата на кинескиот претседател Си Џинпинг не се интересира за надградба на економијата, состојбата на даночниот режим или пак резервите на централната банка. Оваа влада е единствено загрижена за верноста. Така, политиката на Кина би можела да се опише како услуга за услуга – за нивната великодушна помош тие очекуваат во целост да се подржи нивниот став за спречување на Западот да предизвикува понатамошни територијални разграничувања.

Колку и да звучи претерано, Русија, Аргентина и Венецуела веќе имаа конфликт со САД и нивните сојузници, меѓутоа што е со Европа? Европа во 2011 и 2012 година се насочи кон Пекинг за да го спаси европскиот пазар на обврзници преку поголеми задолжувања.


Повеќе акции по овој повод се очекуваат токму сега, во 2015 година, кога ќе се појават проблемите во еврозоната и кога Пекинг ќе очекува европските лидери да ја променат својата политика. Но, што ќе се случи доколку Федералните резерви влијаат на економиите од Индија до Индонезија и доколку тие власти се насочат кон Кина?

Зошто Камбоџа, Лаос или Виетам би сакале да имаат односи со ММФ и бројните услови, кога Кина радо пишува големи чекови без услови? Така, програмата за размена на валутите од 24 милијарди долари за помош на Русија е само почеток на она што следи. Додека Москва се соочува со најстрашната криза уште од 1998 година, Кина станува навистина интересен соработник.

Сепак, она што Пекинг му го овозможува на претседателот Путин е создавање на малку поразновидна економија, а истото важи и за размената на валути од 2,3 милијарди долари со Аргентина, како и кредитот од 4 милијарди долари позајмени на Венецуела.

Пред претседателот Барак Обама сега издигнува последната шанса да се насочи кон Азија, а голем број на економски експерти истакнале дека загрижувачки е фактот што Кина им позајмува пари на опасни влади, како што се оние во Судан или Зимбабве.

Таканаречениот Консензус на Вашингтон за економската политика не е совршен, но дали моделот на автократски капитализам од Пекинг е подобра опција? Компетитивноста не е лоша работа, но најверојатно великодушноста на Кина ќе ги охрабри лошите навики и ќе овозможи развој кој најверојатно ќе ја влоши состојбата на глобалната економска сцена.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma