Кое тело е совршено според мажите, а кое според жените?

12 мај, 20150
15

Анкетите кои ги спровеле британските изданија на магазините „Man’s Health“ и „Woman’s health“ покажале дека идеалите за убавината на жените и на мажите многу се разликува.

За припадниците на едниот пол совршена жена е Камерон Дијаз, а за другиот пол најубава е Кејт Аптон.

Во анкетите учествувале 1000 жени и исто толку мажи. Повеќето припаднички на понежниот пол се изјасниле дека модел за убавина им е Камерон Дијаз, додека мажите ја одбрале Кејт Аптон.

Во однос на идеалниот маж, жените го избрале Рајан Гослинг, додека според мажите идеален маж е Хју Џекман.

Жените за најсексапилен дел од машкото тело ги одбрале брадата, лицето и задникот.

Најголем број жените изјавиле дека мажите не мора да ги депилираат градите, а само 28 проценти сметале дека треба да се депилираат.

Од друга страна, 44 отсто од мажите ги депилираат градите, 84 проценти редовно користат козметички средства, додека 43 проценти ги средуваат своите веѓи.

Она околу кое се согласуваат и мажите и жените е тоа што на 63 отсто жени и на 67 отсто мажи тетоважите им се секси.

Значаен број жени, 67 отсто, сметаат дека пишувањето пораки со други е изневерување, 82 отсто мажи не се согласуваат со тоа.

Бакнежот со друга жена 85 отсто од жените и 78 отсто од мажите го сметаат за неверство.

Љубомората донекаде е оправдана, бидејќи 58 отсто од мажите и 41 отсто од жените признале дека имале афера за една ноќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş