Кога не знаеш што сакаш – го губиш оној што знае дека те сака тебе!

11 јули, 20150
2

Еден ден ќе го сакаш!…точно оној човек кој знаеше дека не е совршен, но се обидуваше да биде поради тебе! Тој човек што не сакаше ништо повеќе од тоа да биде до тебе! Човекот кој не можеше ништо друго освен да те сака!. Човекот кој не можеше да те мрази иако заслужуваше! Човекот кој требаше да го имаш, но го немаш! Кога не знаеш што сакаш – го губиш оној што знае дека те сака тебе!

*Една жена никогаш нема да го открие вистинскиот човек, зошто никогаш немала смелост да го напушти погрешниот…

*Прекрасно е да бидеш во срцето, да знаеш дека си таму…

Прекрасно е да сакаш, прекрасно е да си сакан…

*Патиштата те носат кај ќе им текне. А секој од нас има свој пат. Каде е твојот? Уште го бараш.

Сите патеки те викаат, сите те мамат кон некаде, сите ти ветуваат нешто.

Посакуваш алчно сите да бидат твои. Сите – тоа значи ниту една.

Најпосле треба да ризикуваш и да тргнеш по една единствена.  Да ја наречеш своја. И да ја изодиш до крај.

*Победите и поразите се дел од животот на секој еден, но не и од животот на плашливите, бидејќи тие никогаш не губат, ни пак печалат!

*Пазете се од луѓе кои се обидуваат да ги обезвреднат вашите стремежи. „Малите“ луѓе секогаш ќе го прават тоа.  Вистински големи се оние  кои ќе ве направат да чувствувате дека и вие исто можете да станете „големи“ луѓе.

*Кога една врата се затвара, друга се отвара. Но често стоиме толку долго гледајќи ја затворената и не ја забележуваме отворената.

*Ако стрпливо чекаш на брегот од реката, рано или касно труповите на твоите непријатели ќе минат покрај тебе.

*Ако сите луѓе знаеа што зборуваат еден за друг, на светот немаше да има ни четворица пријатели.

*Во совршениот брак мажот и жената взаимно се дополнуваат. Но има мажи кои се толку несовршени, па имаат потреба од неколку жени.

*Ние минуваме често пати покрај среќата, без да ја забележиме, без да ја погледнеме, или ако сме ја виделе и погледнале – без да ја препознаеме.

*Чудно нешто е животот – понекогаш наоѓаш нешто што не си го барал. Понекогаш се остварува мечта што не си ја мечтаел, а понекогаш чувствуваш дека губиш нешто, што никогаш не си го поседувал.

*Времето измива се, независно дали го сакаш тоа или не. Времето мие се, времето одзема се и на крај останува само мрак. Понекогаш ги наоѓаме другите во тој мрак, а понекогаш ги губиме во него.

*Нема мажи кои сакаат само секс, има жени, кои едноставно друго не можат да дадат!

*Времето си тече, а луѓето се менуваат. Но како што луѓето не можат да го сменат времето, така и времето не може да ги измени луѓето…

*Што е љубовта – да простуваш на некого повеќе отколку што заслужува!

Да љубиш значи да ја најдеш во среќата на друг својата сопствена среќа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi