Убавиот маж е сечиј маж…

12 јули, 20150
8

Ах таа љубов – живееме за неа, се надеваме на неа, се грижиме, се смееме, плачеме, а богами и понекогаш гинеме, за таа чудна состојба… Колку пати ви се случило да се вљубите во погрешен… Слушнете ја приказната, раскажана од девојка која еднаш, засака погрешен….

Да, беше тоа кога бев млада и луда… За среќа,тоа сега е минато време, но тогаш, навистина болеше…Беше убав, намирисан, и полн со насмевки кои повикуваа на запознавање и поглед кој наведуваше на грев…

Колку е потребно за човек да се заљуби? Минута, еден час, еден ден, месец? За другите не знам, но мене ми беше потребен само тој еден поглед, за да помислам, како е тој, човекот на мојот живот. Од првиот момент, кога го здогледав го засакав само него и се што беше поврзано со него.

Но, на крајот, се освен неговото име на крајот се испостави дека беше лага! Јас бев вљубена, а тој замо понесен од преголемата доза на алкохол. Еве , малку сега ќе си ласкам на себе си, кога ќе кажам дека , неговите очи ме гледаа само мене, но очите на целата просторија, беа вперени, само во него. Ги зборуваше оние слатки зборови: како си згодна, убава, шармантна, имаш убава насмевка и сл. Но, како што претпоставувате само со една цел, која овој пат нема да ја изговорам.

Се набргу се заврши, а јас утрото сфатив како сум била заљубена во голем гад, кој  својот печат го оставаше на сите слатки девојки. Ја сакаше мојата верба во љубовта, како и целиот мој свет…

Сакаше секс, но зарем е тоа правиот начин, да се крие зад слаткоречивоста и убавиот изглед…Научив да не им верувам на ласкавците кој комплиментите ги истураат како од ракав, па онака ви велат како сте ултра згодни, иако всушност сте 1.60, имате широки колкови и мали нозе…

Драги мои, болката е неизоставен дел во ваквите случаи, но, она кое не ве убива, ве прави појаки… На крајот, извлеков вредна животна поука која еве сега , ја делам со вас…

Држете се подалеку од ваквиот маж, по кој се вртат сите, затоа што, како што велат , попаметните и искусните: Убавиот маж е сечиј маж…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber