Кога почнува да старее машкиот полов орган?

25 јануари, 20150
6

Машкиот полов орган започнува да старее на 30 годишна возраст и истото се одраува на неколку начини.

 

Стареењето влијае на машкиот полов орган и тоа на неколку начини. Без разлика дали мажот е сам, во врска или во брак, болен или здрав, одредените промени се неминовни.Повеќето проблеми со репродуктивното и полно здравје се јавуваат со текот на годините, меѓутоа тоа не се некои драстични промени кои не можат да се држат под контрола, со здрав начин на живеење и здрава исхрана.

Функција: Нивото на тестостерон започнува да опаѓа после 3-тата декада од животот, за просечно 0,3 отсто годишно! А ниското ниво на тестостерон делува на цела низа фактори, влијае и на општото полно однесување и сексуалниот апетит, како и на самата функција на пенисот.

Колку мажите се постари, потребна им е поголема стимулација за да се возбудат и постигнат ерекција, но и оргазам и друга ерекција. Бидејќи пенисот е мускул, тонусот може да му попушти со текот на годините и на тој начин да го отежне постигнувањето на квалитетна ерекција, а последицата може да биде и ерективна дисфункција или импотенција! И мускулите на мочниот меур може да ослабат и на тој начин да се јават и проблеми со мокрењето.

Големина: Од 17-тата до 22-та година, пенисот ја достигнува својата нормална големина, а сo престанувањето на пубертетот, престанува и да расте. Потоа, започнува обратен процес, односно пенисот се скратува со текот на годините, но тие промени воопшто не се драстични, всушност станува збор за максимални три сантиметри до крајот на животот. Причината најчесто е таложење на нееластичен колаген, внатре во наметката која ги опкружува двете комори Corpus cavernosum, како и собирање на масни клетки, внатре во артериите на пенисот, што доведува до
слаб проток на крв поради запушени крвни жили.

Изглед: Главичката на пенисот може да ја загуби бледо розовата боја. Поради нерамномерното собирање на ткиво, кај некои мажи пенисот со текот на годините започнува да се криви. Треба да се знае дека и таканаречената „Пејрониева болест” се јавува кај мажи во средни години и може да предизвика болни ерекции и на тој начин го отежне половиот однос, а понекогаш е потребна и операција.

Чувствителност: На голем број мажи, пенисот со текот на годините им губи на осетливост, па на овој начин се објаснува и се потешкото постигнување на ерекција и секако доживувањето на оргазам.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş