Кои хороскопски знаци се погодни за брак, а кои не?

popara20 јануари, 20151min00

Овен

Маж-Лесно се одлучува за брак. Не бега од одговорност и сака да доминира. Покрај себе, сака убава и паметна жена. Често се случува да не е верен.

Жена-Секогаш ќе ги подржува амбициите на партнерот, бидејќи покрај себе сака успешен маж. Склона е кон преголема љубомора и љубоморни напади.

Бик

Маж-Многу е посветен на жената и децата. Секогаш ќе се труди да им обезбеди најдобри услови за живот. Еден од најстраствените мажи во зодијакот.

Жена- Посветена на семејството и ќе се обидува секогаш да го сочува бракот. Многу е чувствителна и слаба на деца. Од мажот очекува да биде успешен и да и пружи матријална сигурност.

Близнаци

Маж-Близнакот не е најидеален партнер за брак. Животот со него може да биде многу убав, интересен и опуштен, но само ако покрај него има жена која нема да се врзе премногу за него. Од друга страна неговата жена ќе има целосна слобода. Многу е шармантен и сака да флертува.

Жена- Таа е малку „палава“, но во брак е подготвена да се промени. Често е приврзана кон својот маж. Често и одговараат мажи кои интелектуално и вербално ќе и одговараат.

Рак

Маж-Многу е трдиционален и приврзан кон своето семејство. Иако важи за идеален партнер, со него не е лесно да се живее. Неговата жена ќе мора да се бори со неговата мајка. Многу добар „домаќин“ е.

Жена- Чувствителна и верна на својот маж. Полна е со љубов и разбирање. Бара маж кој ќе ја заштитува. Лесно стапува во брак.

Лав

Маж- Сака на неговата жена да и е центарот на светот. Смета дека сите во куќата треба да му се подредени. Како родител не строг затоа што и тој е едно големо дете. Неговата жена мора секогаш да изгледа убаво.

Жена-Многу е организирана. За амбициозни мажи е одлична шанса. Нејзината појава предизвикува воодушевување. Многу е лојална и страствена.

Девица

Маж- Ќе биде највреден маж кој секоја жена го посакува. Не е посесивен, но ни особено страствен. Најдобро си одговара со жена Девица. Многу е конзервативен и не е многу романтичен.

Жена- Многу е аналитична. Доколку не се одлучи за брак од интерес, тогаш во бракот е чувствителна и полна со љубов. Од мажот очекува да биде одговорен.

Вага

Маж- Вистински уметник во љубовта, но сепак не му одговара брачниот живот. Тешко се прилагодува. Го привлекуваат жени кои се грижат премногу за својот изглед. Многу е страствен и одличен љубовник е.

Жена-Таа е многу привлечна и женствена, секогаш има многу додворувачи. За неа фантазираат сите мажи. Не сака да обавува домашн обврски. Мажот мора да ја разгалува и да и обезбеди луксузен живот.

Шкорпија

Маж- Многу е посесивен и љубоморен. Тешко да имате среќен брак со него. Жената треба постојано да му ја докажува својата љубов.

Жена- Многу серизоно му пристапува на бракот. Партнерот го бира со срцето не се разумот. Очекува бескрајно да биде сакана. Многу е енергчна и страствена.

Стрелец

Маж- Роден авантурист и во животот и во љубовта. Неговата жена мора да биде забавна и да знае да се снајде без него. На љубовта гледа поинаку од сите други луѓе.

Жена- Многу е мудра и пријателски насочена. Во бракот не поднесува монотонија . Потребен и е некој кој ќе успее да ја забавува.

Јарец

Маж- Најчесто е посветен на кариерата и во бркот влегува покасно. Покрај него жената ќе се чувствува сигурно, но нема да биде емотивно исполнета. Тој бара доминантна жена.

Жена- Таа е создадена за мажи кои сакаат мирен семеен живот. Верна е, но, е многу воздржана, ладна дури некогаш и антипатична. Не умее да покажува емоции.

Водолија

Маж- Непредвидлив маж кој не е идеален за брак. Неговата жена мора да биде мистична за да го задржи неговото внимание.

Жена- Многу е едноставна, необична и пријателски насочена. Од бракот бега додека не се појави вистинскиот. Во кујната не се снаоѓа баш најдобро, но затоа пак многу лесно ги искажува емоциите. Склона е кон авантури.

Риби

Маж- еден од најдобрите кандидати за брак. На својата жена е подготвен да и ја исполни секоја желба. Најмногу време поминува со семејството.

Жена- Бара јак маж со кој може да ги оствари сите фантастични желби. Од бракот не се откажува лесно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma