Кои се најскапите венчавки во светот?

popara12 декември, 20153min00
5

Тие се богати, убави и неуморни. Кога жителите на светот на шоу-бизнисот се венчаваат, сите погледи се свртени кон нив. Затоа и не е чудно што одвојуваат мал дел од нивното богатство за нивниот ден да биде екстра посебен.

Погледнете колку чинат најскапите венчавки на светот.

1. Дејвид и Викторија Бекам, јули 1999

  • вкупно: 800.000 долари
  • гости: 250
  • детали: Венчавката вклучуваше огромен огномет и перформанс од самиот Елтон Џон, тие седеа на престол како крал и кралица, а и зошто да не, венчавката се одржи во замок во Ирска.

2. Џенифер Анистон и Бред Пит, јули 2000

  • вкупно: 1 милион долари
  • гости: 200
  • детали: Џен и Бред ја направија свадбата на имотот на телевизиската продуцентка Марси Карсеј во Малибу, но и покрај вечерата со јастог и гламурозниот перформанс на импресонаторот на Френк Синатра, тие се разделија во 2005 година.

3. Елтон Џон и Дејвид Фурниш, декември 2005

 

  • вкупно: 1,5 милиони долари
  • гости: 600
  • детали: Елтон и Дејвид се венчаа една недела по прогласување на легалното венчавање меѓу припадници на ист пол во Британија. Гостите уживаа во розе шампањ и гласот на Елтон како ја пее “Your Song”.

4. Мадона и Гај Ричи, декември 2000

 

  • вкупно: 1,5 милиони долари
  • детали: Тие се венчаа во замокот Скибо во Шкотска, а Мадона носеше тијара која претходно била носена од принцезата Грејс Кели од Монако.

5. Кејти Холмс и Том Круз, ноември 2006

 

  • тотал: 2 милиони долари
  • гости: 150
  • детали: Тие се венчаа во замок во Италија, и целиот концепт беше многу романтичен. Се разделија 6 години подоцна. Упс.

6. Лиз Харли и Арун Најар, 2007

 

  • вкупно: 2,5 милиони долари
  • гости: 300
  • детали: Арун и Лиз направија две венчавки во две држави, една во Глоучестершир и друга во Умад Баван Палас во Индија. И тие набргу се разделија.

7. Пол Мекартни и Хедер Милс, јуни 2002

 

  • вкупно: 3 милиони долари
  • гости: 300
  • детали: Тие ги послужија гостите со вегетаријански специјалитети на нивната индиски-тематска свадба. Се разделија во 2008 година.

8. Џастин Тимберлејк и Џесика Биел, октомври 2012

 

  • вкупно: 6,5 милиони долари
  • детали: На нивната свадба во Фасано, Италија, тие им поделија подароци на сите нивни гости, а Џастин напиша и изведе песна за Џесика. Слатко.

9. Ким Кардашиан и Крис Хумфрис, август 2011

 

  • вкупно: 10 милиони долари
  • гости: 1000
  • детали: Бракот траеше 72 дена, па се надеваме дека барем уживаа во нивниот посебен ден, и дека Ким се чувствуваше пријатно во сите три венчални фустани кои ги смени вечерта.

10. Ваниша Митал и Амит Бхатиа

 

  • вкупно: 78 милиони долари
  • детали: Ваниша и Амит всушност и не се холивудски ѕвезди, но тоа воопшто не е важно, тие потрошија 78 милиони за нивната свадба! Боже господе! Кајли Миног беше ѕвездата која ги забавуваше гостите, а истите си заминаа дома со подароци кои вклучуваа и накит.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag