Кој хороскопски знак ќе ви пружи најголемо задоволство во кревет?

25 јануари, 20150
21

Биковите се најдобри љубовници а зад петите им се Шкорпиите. Доколку сте во романтично расположение, тогаш подобро е д а се одлучите за Рак или Риба.

Овенот е знак на магнетска привлечност, полн со желба за контрола што значи дека многу убаво се бакнува. Сепак, понекогаш се себични во сексот, што не значи дека нема да имате врвно задоволство во креветот доколку се одлучите да се дружите со нив.

Биковите имаат репутација на најмажествен знак и најдобар љубовник, што поради енормното либидо, што поради големиот апетит за телесни уживања. Љубовта за него е храна во која максимално ужива, па затоа, доколку ви се укаже шанса, не треба да ја пропуштите.

Близнаците се интелигентни љубовници, мајстори на флертувањето кои брзо освојуваат со нивната досетливост. Во креветот се големи фантазери, што знаи дека со нив нема никогаш да ви биде досадно, но ако и тие го бараат истото од партнерот, тогаш треба да бидете сигурни дека сте му дораснати пред да се впуштите во каква било авантура.

Раковите се најосетлив и најемотивен знак заедно со Рибите, па така кај нив поминува нежен допир и емоционална поврзаност. Во креветот се многу добри љубовници.

Лавот е преполн со самодоверба  во сите аспекти од животот, па така и во креветот каде секогаш ќе ја преземе иницијативата и ќе направи се само да ве убеди дека такво нешто се уште не сте доживеале. Љубовниот однос со лавот е нешто навистина посебно што треба да се испроба.

Девиците се полни со внимание, па ако ви требаат рефлектори и обожаватели, тогаш освојте еден припадник на овој знак. Тие изгледаат мирно, но во креветот се претвараат во сензуални љубовници кои ќе направат сé за да се чувствувате божествено.

Вагите се одлични љубовници и сакаат да им пружат максимално задоволство на партнерите –романтична и сентиментална душа која сака да ги исполнува своите фантазии, но и на партнерот. Флертот и експериментирањето во креветот им се неопходни.

Шкорпиите се спремни на сé за да ги задоволат своите сексуални апетити, така што од овој знак можете да очекувате сé, од лудо водење љубов, до искористување и манипулација. Сепак нивната хипнотичка привлечност им овозможува сето тоа да го направат и да поминат без гребнатинки, како физички, така и емоционални.

Стрелецот е секогаш отворен за експериментирање, авантуристички настроен знак кој во својата основа е по малку детинест,  без разлика на годините, па така тие се идеални за кратка и забавна авантура.

Јарецот мора многу да се заљуби за физичката интимност да му биде потполна, па така од него можете да очекувате верен и стабилен партнер, кој не е наклонет кон експериментирање.

Водолиите обожаваат тела, физичка љубов и чудни, непредвидени ситуации, а кога тоа ќе го искомбинирате со вродената бунтовничка природа, кога ќе бидете свои, оригинални и непретенциозни, тогаш ви следува луда забава.

Рибите ќе ви пружат задоволство во неверојатни количини, бидејќи сакаат да задоволуваат и обожаваат да имаат среќни луѓе околу себе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi