Состојки:
Кора:
6 јајца
6 лажици брашно
6 лажици шеќер
1 ванилин шеќер
1 прашок за пециво
4 лажици какао
6 лажици врела вода
голема чаша млеко за прелив на кората
Чоколаден прелив:
10 дкг млечна чоколада
10 дкг чоколадо за готвење
5 лажици млеко
4 лажици шеќер во прав
15 дкг маргарин
Крем:
1 литар млеко
7 лажици густин
4 лажици шеќер
1 ванилин шеќер
15 дкг маргарин
10 дкг шеќер во прав
Подготовка:
Одвојте ги белките од жолчките и со миксер изматете ги жолчките и шеќерот. Постепено додавајте ги останатите состојки, а на крај снег од белки. Се пече во голем сад на хартија за печење 25 мин на 180 степени. Печената кора се превртува од лимот, се вади хартијата, се лади и се сече на два идентични дела .
Крем:
Од предвидената количина млека одвојте 1,5 дл и измешајте го со густин и шеќер. Останатото млеко ставете го да зоврите, па во садот додадете го и млекото со густин и шеќер. Се вари додека не се згусне. Кога кремот ќе се олади му се додава матениот маргарин со шеќер во прав.
Чоколаден прелив:
Се меша чоколадата, маргаринот, шеќер и млеко па овие состојки се ставаат на слаб оган и се меша постојано додека не се соединат.
Првиот дел од кората се потопува со млеко, се премачкува со бел крем, врз кремот се додава чоколаден прелив, потоа следува втората кора и се повторува постапката.
Готовиот колач треба да се олади во фрижидер пред сервирање.