Ново видео ги најавува жешките сцени во „Fifty Shades of Grey“
14 јануари, 20150
Како што наближува премиерата на „Fifty Shades of Grey“, така продукцијата која стои зад филмот ги засилува промотивните активности за да го разгори љубопитството на публиката.
За време на манифестацијата „Златен глобус“, за првпат беа прикажани нови кадри од долгонајавуваната екранизација на популарниот еротски роман. Видеото ги најавува жешките игри на Кристијан Греј (Џејми Дорнан) и Анастасија Стил (Дакота Џонсон).
Филмот режиран од Сем Тејлор-Вуд е сниман според романот „Fifty Shades of Grey“ од трилогијата на Е. Л. Џејмс.