Лош љубовник: Ваквиот маж не знае да ја задоволи жената

24 ноември, 20150
5
Повеќето мажи обично знаат каде се наоѓа клиторисот и како изгледа. За жал, многумина сè уште не се сигурни за што служи…

Мачо став, од полн со самодоверба и поглед кој ве соблекува во движење – сè ова може да го поседува мажот кој всушност не знае како да ја третира жената и да ја заведе на вистински начин. Затоа, прочитајте што може да се крие под неговиот навидум галантен став и дали вашиот господин совршен е еден од „оние“ типови кои не знаат да ве задоволат.

Мислат дека знаат сè за женското тело

Повеќето мажи обично знаат каде се наоѓа клиторисот и како изгледа. За жал, многумина сè уште не се сигурни за што служи, па може да се слушне машкото жалење дека нивните партнерки доживуваат оргазам само кога им се допира клиторисот. Да, повеќето жени можат да доживеат оргазам само со стимулирање на клиторисот, а проблемот е во тоа што многу мажи не знаат што точно да прават со него. Ако не сакате да бидете лош љубовник до крајот на животот, замолете ја партнерката да ве научи како да постапувате со многу важниот дел од телото.

За нив влажност значи и воздбуда

Тоа е прилично често размислување. Меѓутоа, некои жени можат многу да се возбудат, а воопшто да не се влажни. Не се сите жени исти, па така некои се влажни и кога не се возбудени, бидејќи тоа зависи од низа процеси во нивното тело. На нејзината влажност најмногу влијае фазата од менструалниот циклус, а ако имате партнерка која има проблем со тоа, едноставно набавете лубрикант.

Мислење дека жените и мажите исто го доживуваат сексот

Мажот се чувствува одлично при пенетрацијата. Некои мислат дека истото го доживуваат и жените, но се лажат. Вагината е чувствителна и, за сè да функционира како што треба, мора да бидат исполнети неколку услови. Со други зборови, околу жената треба повеќе труд, а не само да се стави пенисот внатре и да мислите дека сè е совршено. Тоа на жените за време на сексот може да им предизвика само болка, а не задоволство.

Ако жената не доживее оргазам, мажот мисли дека со неа нешто не во ред

Многу мажи мислат: „Ако на жената и треба вибратор за да постигне оргазам кој не може да го постигне со маж, тогаш нешто не е во ред со неа“. Факт е дека нешто не е во ред со мажот кој така мисли. Машкиот и женскиот оргазам не се исти, а жените го постигнуваат со повеќе труд. Наместо погрешен начин на размислување, таквите мажи би требало повеќе да се потрудат околу задоволувањето на својата партнерка.

Тие мислат дека точно знаат што сака жената

Мажите често претпоставуваат дека знаат што сакаат жените, и тоа врз основа на претходните сексуални искуства. Меѓутоа, не се сите жени исти. Мажот никогаш не би требало да смета дека на жената ќе ѝ се допадне сè она што ѝ се допаѓало на неговата поранешна партнерка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi