Мажите се понижени – Жените ги возбудува само една работа

popara24 ноември, 20151min00
6
Истражувањето открило дека жените полудуваат за ова во сексот, додека за тоа не се ни свесни.

Кога се во прашање исклучиво физичките карактеристики, она што жените ги возбудува кога мажот ќе се соблече, може да го направи многу привлечен во нејзините очи. Знаеме како звучи, но дека е навистина така сега потврдуваат и истражувањата.

Имено, една од најчестите сексистички забелешки кога се во прашање жените туку што стана факт, барем ако ги прашате истражувачите предводени од Брајан Мауц, кои овој понеделник ги објавија резултатите од истражувањето чии поставки ќе ги вознемират многу мажи.

Студијата која е спроведена на 105 млади девојки од Австралија, а се концентрирала на тоа како тие ја рангираат привлечноста кај мажите, покажала дека големината навистина е важна.

Жените кои учествувале во истражувањето, гледале компјутерски изменети фотографии од голи мажи и со оцена од еден до седум го одредувале нивото на вкупната сексуална привлечност. Она што не било изненадувачки е дека оние мажи со широки раменици и тесни колкови се сметале да попривлечни, но откриено е и дека големината на пенисот е тесно поврзана со количината на привлечност.

„Покажавме дека големината на пенисот всушност е важна на одредено ниво, но што е уште поважно, е во интеракција со другите предиспозиции“, појаснува Мауц.

На пример, големината на пенисот имала поголемо влијание на нивото на привлечност кон моделите кои се високи, со оглед на тоа што пропорциите се нешто што очигледно им е многу важно на жените.

Поради таа причина е заклучено дека постои голема можност дека сепак височината, а не големината на пенисот, е најважната работа која се проценува кај привлечноста.

„Би помислиле дека големиот пенис ќе им биде од помош на пониските мажи. Тој ја зголемува привлечноста, но тие сè уште се пониско на скалата на вкупните резултати“, вели тој.

И додека големината е важна, студијата сепак не покажала дека единствено таа е важна: имено, не треба да се заборави дека во истражувањето не се вклучени фактори како што се социјалниот статус, количината на имот или други карактеристики видливи во социјалната интеракција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *