Машки манипулации во почетокот на врската

15 февруари, 20150
6

Сите љубови поминуваат низ многу тестови, кои некогаш предизвикуваат нескани последици и неславни краеви…
Во почетокот на врската и двајцата го истражуваат „теренот“, тестирајќи го партнерот со неприкладни методи за кои мислат дека се ефективни. Ваквата постапка е еден вид на манипулација која психолозите во никој случај не ја оправдуваат. Оној што тестира, проверува колку другата половина го сака, колку е посесивна, навредлива и љубоморна. Понекогаш овие тестирања резултираат со прекин на врската.
Тест бр.1: Глуми ладен/ладна
Поминувате многу време заедно, често се слушате по телефон – но одеднаш вашиот партнер престанува да се залага колку и Вие и тоа веднаш ја иницира помислата дека само Вие се трудите врската да опстане. Ефектот што се обидува тој/таа да го постигне е очигледен – сака да се загрижите за него/неа и да ја/го побарате.
Тест бр.2: Случајна средба со неговите/нејзините блиски
Се случило ли да ги сретнете случајно неговите/нејзините блиски? Верувајте, не е баш секогаш случајно. Вашиот партнер ќе ја студира секоја ваша реакција, а целта на овој тест му/и’ е да открие дали сте спремен/спремна да се носите со обврската или пак обратното – што побрзо сакате да избегате од неа.
Тест бр.3: Не му придава важност на важиот однос
Почесто истакнува дека моментално вие двајца се забавувате и ништо сериозно не планира барем засега. Не паѓајте на ваквите изјави – тој/таа сака да Ве натера на љубовна изјава што ќе го/ја разнежни и наводно натера да почне да размислува за нешто посериозно. Всушност, не знае дека ваквиот пристап се рефлектира од Вас. Емоциите треба да се природно катализирани, а не со метод на омаловажување.
Тест бр.4: Иницира љубомора
Ве повикува на забава на која ќе биде и неговата/нејзиниот поранешна/поранешен девојка/дечко. Притоа – поминува значителен дел од времето со неа/него. Премногу воочлива иницијација на љубомора. Наместо демонстративно да го напуштите објектот, дајте му/и’ до знаење дека немате проблем со неговите/нејзините поранешни, туку со тоа што се чувствувате запоставено од негова/нејзина страна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi