Зошто интелигентните потешко наоѓаат партнер?

15 февруари, 20150
3

Како прво, не сме сигурни дали насловот воопшто држи вода, меѓутоа овој текст што го најдовме, напишан од доктор Алекс Бензер, вреди барем да се размисли.
Имено, доктор Бензер, ја напишал книгата „Тао на состаноците“ и вели дека ја напишал специјално за паметните луѓе и за нивните проблеми при запознавањето личности од спротивниот пол. Тој вели дека при истражувањето забележал дека паметните луѓе имаат исти или слични постапки кога се работи за запознавањето луѓе и одење на состаноци. Исто така, вели, колку попаметен сте, толку потешко ќе ви оди и толку поглупав ќе бидете на ова поле, за разлика на сите останати.
Од една страна, самиот заклучува, тоа е нелогично бидејќи паметните луѓе би требало сами да сфатат и да знаат како се движат работите во светот. Од друга страна, очигледно е дека тоа не е така, а причините за тоа, ги наведува во пет главни точки.
1. Паметните луѓе посветуваат повеќе време и внимание на успесите на сè друго, освен на успехот во својот љубовен живот.
Паметните деца израснуваат во паметни луѓе. А паметните деца потекнуваат од паметни семејства со амбициозни родители коишто ги тераат и своите деца да се насочат кон успесите на работен план.
2. Паметните луѓе мислат дека мора да бидат сакани заради нивните успеси на други полиња.
Целиот свој живот, паметните луѓе се потпираат на идејата дека ако работат вредно ќе имаат успех. Истото мислат дека е возможно и во љубовта, па очекуваат партнерот да развие љубов кон нив само затоа што ги знаат сите закони на физиката. Тоа не оди така во реалноста.
3. Не се доживуваат себе си како сексуално привлечни, па и не се трудат да изгледаат поинаку.
Да речеме дека имате брат или сестра, сеедно. По некоја случајност, сите роднини и пријатели вас почнуваат да ве нарекуваат паметното дете, бидејќи сте се покажале како такво. Вашиот брат или сестра, иако не е ништо по различен од вас, по инерција го добива епитетот убавото дете. Иако и двајцата сте еднакво убави и паметни, само вие ќе бидете оние коишто ќе израснете со сфаќањето дека вие не сте убавецот по дома, туку паметниот па нема ниту да се чувствувате сексуално привлечни кон околината.
4. Паметните луѓе секогаш успеваат сами да си ги уништат романсите коишто треба да се случат.
Ова е едноставна точка. Паметните луѓе се толку многу преокупирани со сешто, за кога ќе дојде моментот да се опуштат, тие се најстегнати. Претераното размислување не секогаш е добро, во случајов, воопшто не е.
5. Заради дарбата (или проклетството) да се биде паметен, овие луѓе знаат сите седум милијарди луѓе на планетата да ги сметаат за недостојни да стојат крај нив.
Ако паметните луѓе се сложиме дека се некои 5% од светската популација, тоа значи дека елиминирани се преку шест ипол милијарди луѓе да бидат потенцијални партнери. Јасно е дека интелигенцијата е важна работа, но нелогично е да си дозволи човек таа да биде главното мерило за тоа кој има право да разговара со нас. Тенка е линијата помеѓу прекрасен интелигентен човек и сноб.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş