Мажите кои објавуваат многу селфија се психопати

12 јануари, 20150
8

Психолози од Универзитетот во Охајо спровеле истражување на 800 мажи кои биле на возраст измеѓу 18 и 40 години.

Стана и официјално – мажите кои имаат многу селфи фотографии се чудни, а најлоши се оние кои за селфи ги користат филтерите на Инстаграм.

Имено, едно истражување спроведено во Универзитетот во Охајо, покажало дека кај мажите кои објавуваат многу селфи фотографии е поверојатно психопатско однесување.

Кај личноста која за своите селфија користи и филтери, според ова истражување, е присутно поголемо ниво на недруштвено однесување како нарцисоизам и опсесија со сопствената појава.

Психолозите Психолозите од Универзитетот во Охајо спровеле истражување на 800 мажи кои биле на возраст измеѓу 18 и 40 години т.е. на нивните навики со објави на фотографии на социјалните мрежи.

Испитаниците морале да решаваат тестови со кои се испитувала нивната суета, а морале и да споделат информации дали ги средуваат и „дотеруваат“ своите фотографии со филтери…

– Не изненадува фактот што мажите кои објавуваат многу селфи фотографии и трошат многу време на нивна обработка се повеќе нарцисоидни, но ова е прв пат тоа да се потврди и со истражување – изјавила доцентката на Универзитетот во Охајо, Џеси Фокс, која воедно го водела ова истражување.

– Уште поинтересно откритие е тоа што кај таквите личности е поприсутно асоцијалното и психопатско однесување, како и тоа дека се склони кон само-објективизација.

Многу мислат дека мажите воопшто не прават такви работи, но дефинитивно ги прават – рекла Фокс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi