Шеиците од Емиратите често меѓусебно се натпреваруваат кој ќе има подобар, поскап и поексклузивен автомобил, но овој “Mercedes SLS AMG” е претеран, дури и по нивните стандарди.
Овој специјален и веројатно единствен “Mercedes” засега бил фотографиран само во Дубаи, па се претпоставува дека му припаѓа на некој милијардер кој е работи во бизнисот со нафта. Но, иако не се знае името на сопственикот, останатите карактеристики се повеќе од познати.
Овој автомобил има “V10 kvad-turbo” мотор со 1.600 КС, што му овозможува да мине околу 400 метри за помалку од 7 секунди, додека за да достигне брзина од 100 километри на час, потребни му се 3 секунди.
Иако експертите велат дека е возможно автомобилот да е од бело злато, бидејќи може да се стопи на тропските температури, не се сомневаме дека некој го решил и тој проблем.