Вистинската приказна која стои зад двете најубави екс-ју балади!

5 февруари, 20150
Вистинската приказна која стои зад двете најубави екс-ју балади!

Две стари рок песни кои и ден денес се мега популарни настанале според вистински настан. Се работи за песните “Tu noć kad si se udavala” од Прљаво казалиште и “Bacila je sve niz reku” од Индекси.

 

Една од најголемите балади на Прљаво казалиште е според приказна од која веројатно ќе се наежите.

 

Приказната зборува дека членот на овој бенд Јасенко Хоура имал девојка, а кога тој одел војска, ја прашал дали ќе го чека. Таа одговорила потврдно. Меѓутоа кога Јасенко се вратил од војска, групата имала свирка закажана за една свадба, а тоа била нејзината.

Другата нумера, “Bacila je sve niz reku” од Индекси настанала поради легендарниот пејач Даворин Поповиќ.

Имено, тој бил во голема љубов со една анонимна девојка од Сараево, но кога двајцата требало да се венчаат, таа абортирала и исчезнала.

После повеќе години, на еден концерт во Шведска, на Даворин наводно му се причинило дека ја погледнал таа девојка. Го прекинал настапот, слегол од сцена и тргнал да ја бара низ публиката. За жал, Поповиќ не ја нашол.

https://www.youtube.com/watch?v=qhZeNPLco_A

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi