Веќе долго време го чекате вистинскиот модел кој ќе му се спротивстави на BMW X6, зарем не? Со “малку” задоцнување, после 7 години, конечно пристигна достоен ривал – Mercedes-Benz GLE Coupe кој има многу добри, но и неколку лоши страни.
Да започнеме од најлошата страна, што ли мислел тимот за дизајн кога го дизајнирал задниот дел? Повеќето луѓе кажуваат дека убавината е во очите на набљудувачот и ние се согласуваме со тоа.
На предниот дел се забележуваат фарови инспирирани од S-Class, браник сличен на оној од AMG C63, додека задните светла наликуваат на оние од AMG GT.
Овој модел поседува 3.0 литарски твин-турбополнет V6 мотор кој развива 367 коњски сили и 520 Nm максимални вртежи во минута. Силата се пренесува на сите четири тркала со помош на 9G-Tronic автоматскиот менувач.
Повеќе детали за автомобилот како цена, забрзување, не се познати.