Samsung го создаде првиот проѕирен телефон

13 јануари, 20150
5

На CES 2015, Samsung го презентираше својот прв целосно транспарентен телефон, што предизвика огромен интерес кај посетителите. Да погледнеме за што станува збор…

Маркетинг тимот на Samsung не се срами да потроши милиони долари за промоција на своите производи. Минатата година, рекламата #Galaxy11 ги обедини најголемите фудбалски ѕвезди на планетата, а оваа година ќе ги обедини најголемите филмски ѕвезди.

Телефонот е наречен StarkPhone и, веќе можете да погодите, е креиран за Tony Stark и потребите на новиот филм Avengers: Age of Ultron.

„Каков телефон му е потребен на човекот кој има се? Веројатно тенок, метален телефон со заоблени рабови, инспириран од дизајнот на Galaxy Note Edge. Меѓу главните функции се проекција на холограми и скенер на отпечатоци, кои ги штити податоците од непријателите.“ – дел од PR текстот на Samsung.

Секако, засега овој уред не е ни прототип, туку само стакло поврзано со метална рамка со логото на Samsung. Освен овој уред, нашите омилени супер-херои ќе користат и други Samsung гаџети, како на пример паметни часовници, слушалки и телефони.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş