Видеото снимено во Лондон, прикажува како Англичанец сака да ја избегне казната за паркирање на погрешно место и да избега со автомобилот. Но, единствениот проблем за тоа било уредот поставен на тркалото од страна на полицијата, кој се отстранува единствено кога возачот ќе ја плати казната.
Така, овој човек обидувајќи се да избега со автомобилот направил штета на сопственото возило поголема од казната што евентуално би ја платил. А, сето тоа можело да се избегне доколку се паркирал на соодветно место.