„Мис интернационална кралица“ најголемиот натпревар за убавина за трансродови жени

17 ноември, 20150
6

На прв поглед изборот „Мис интернационална кралица“ изгледа како и сите останати женски натпревари за убавина, но разликата е што во него можат да учествуваат само трансродови жени.

„Мис интернационална кралица“, најголемиот натпревар за убавина за трансродови жени, оваа година се одржа во Тајланд, а победи претставничката на Филипини.

Трикси Мартисела Трикси Мартисела Трикси Мартисела

Трикси Мартисела порази 26 конкурентки за да освои тијара и златна статуетка. За прва придружничка беше прогласена претставничката на Бразил, додека титулата втора придружничка ја доби мисицата од Тајланд.

Трикси Мартисела

Трикси со претставничката на Бразил (лево) и претставничката на Филипини (десно) Трикси Мартисела

Како и на секој избор за убавина, учесничките се претставија во вечерен фустан, бикини и костим кој ја симболизира земјата од којашто потекнуваат.

Трикси е втора претставничка на Филипини која ја добива оваа титула.

Трикси Мартисела Трикси Мартисела Трикси Мартисела Трикси Мартисела Трикси Мартисела Трикси Мартисела

Во натпреварот, кој се одржува по 11-ти пат, можат да учествуваат само жени родени како мажи и се на возраст од 18 до 36 години. Минатогодишната победничка доби 12.500 долари и бесплатна операција за промена на полот.

https://www.youtube.com/watch?v=0sYM78X80FY

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *