Mладоженецот успеа да ги расплаче сватовите

27 февруари, 20150
Mладоженецот успеа да ги расплаче сватовите

Емотивен момент ги расплака гостите на венчавката на Брајан Скот и неговата сопруга Витни Ки..

Наместо на неговата идна сопруга, 24-годишната Витни, 27-годишниот Скот својот завет и го посветил на нејзината ќерка Брајли.

– Ветувам дека секогаш ќе те држам за рака и ќе ти бидам утеха. Ветувам дека ќе ти читам приказни пред спиење и ќе ти пеам приспивни песни. Во односот со твојата мајка ќе ти покажам како еден маж треба да се однесува кон жена. И она што е најважно, ветувам дека секогаш ќе те штитам, ќе бидат крај тебе и ќе те сакам засекогаш, и порача Скот на тригодишната Брајли.

Сватовите биле изненадени од заветот на Скот, но по првичното изненадување, заветот на младоженецот ги расплака речиси сите присутни.

Снимката од заветот на Скот набрзо се најде на интернет и за кусо време собра илјадници лајкови со што е на добар пат да стане вистински виртуелен хит.

За само неколку дена од објавувањето на ова видео на Јутјуб, веќе има речиси 3 милиони прегледи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi