Ова е убиецот на манекенката од Србија
27 февруари, 20150
Манекенка родум од Белград смртно настрада откако 19 годишно момче пукало со огнено оружје. Поранешната учесничка во ријалити шоуто „America’s Top Model“, Мирјана Пухар го загуби животот во тројното убиство кое се случи во вторникот во Америка.
Нејзиниот убиец е 19 годишниот Емануел Џизус Ренџел кој освен неа во куќата на нејзиното момче во Шарлот ги уби и Џонатан Алварадо (23) и неговиот пријател Хусмар Гонсага Гарсија (21).
Најверојатно убиството се случило поради дрога.
Полицијата го истражува случајот.