Најубав божиќен подарок: Посвоила синче за да ги израдува своите ќерки

15 декември, 20150
9

Мајката Кортни Солстад од Далас, Тексас, во својот дом го донела бебето кое го посвоила, за да ги изненади своите три ќерки. Неколку месечното момченце го ставила под новогодишната елка.

 

bebe

Како изгледала таа магична средба, оваа мајка го снимила тоа со камера, а видеото го објавила на својот профил на Фејсбук.

1bebe

– Девојчињата не знаеја за Нејтан се до овој момент. Ги дочекавме на врата и им рековме дека им купивме подарок кој ќе го делат и дека тој се наоѓа под елката – изјавила радосната мајка.

2bebe

Кога девојчињата го виделе своето братче заплакале од среќа.

– О, колку е сладок – рекло едното девојче, додека другата сестра Клои прашала дали смее да го допре бебето.

Мајката Кортни објавила и прекрасна божиќна фотографија со бебето под елката, а нејзиниот статус разнежнил милиони луѓе ширум светот.

– Го хранам моето мало момче и размислувам за доживувањата во изминатите денови! Ова беше едно од најмагичните искуства во нашите животи! Се молевме за големи работи и Бог ни одговори на великодушен начин! Нашето мало момче е неверојатно совршено! Здраво е и среќно, и е нешто најслатко што некогаш сме го виделе – напишала среќната мајка.

3bebe

Семејството Солстад долго време посакувале да посвојат бебе, и не сакале на своите деца да им кажат дека конечно ќе добијат нов член на семејството, туку сакале да ги изненадат и дефинтивно успеале во тоа.

https://www.youtube.com/watch?v=hIkeKXDgxLE

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber