Нострадамус открива каде ќе започне големата војна и која ќе биде улогата на Русија

16 декември, 20150
1

Мишел де Нотр Дам (1503-1556), попознат како Нострадамус, до денес остана најпознатиот пророк во историјата на човештвото. Зад себе оставил многу пророштва чија прецизност ги зачудува луѓето, а предвидел и значајни историски настани како што се Француската револуција, големиот пожар во Лондон, Адолф Хитлер…

Во оваа прилика ние ви пренесуваме 10 најстрашни пророштва за 2016 година:

1. Обама ќе биде последен претседател на САД

Нострадамус предвидел победа на Обама на изборите 2013 година, но рекол дека тој ќе биде последен претседател на САД.

2. Воени игри во Белата куќа

Нострадамус во своите списи наведува дека „Белата куќа“ игра воени игри и дека има план за уништување на светот, а дека тој план почнува на Блискиот исток.

3. Русија миротворец

Доколку Русија не се соедине со Европа и западните земји во текот на идната голема војна, тогаш ќе одигра улога на миротворец.

4. Судбината на Израел

Нострадамус во своите предвидувања вели дека Ерусалим ќе биде опколен од сите страни, а „една западна сила“ ќе му помогне на Израел во борбата.

5. Блискиот исток гори

Предвидувањата на Нострадамус за 2016 година велат дека нафтата во Заливските земји ќе биде запалена.

6. Експлозии на Блискиот исток

Многу експлозии ќе се случат на Блискиот исток, а Нострадамус тврди дека авиони ќе паѓаат од небото наредната година.

7. Необични временски прилики

Во своите записи Нострадамус пишува дека климата ќе се менува се почесто и тоа во краток рок.

– Водата ќе расте, а земјата ќе тоне се повеќе, гласи неговиот запис.

8. Изменет распоред на планетите

Нострадамус наведува и дека оваа година распоредот на планетите ќе се промени, а дека овие промени можат да предизвикаат трагични последици по Земјата.

9. Топење на половите

Шансите да дојде до топење на половите се реални.

10. Крај на светот

Како што наведува пророкот, војната во Ирак ќе биде првиот сигнал дека светот каков што го знаеме наскоро ќе исчезне.

https://www.youtube.com/watch?v=j5svh6lQEUE

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *