Наскоро започнува снимањето на Avatar 2

29 декември, 20150
12
На големите филмски хитови како Star Wars: Episode VIII, Justice League и War for the Planet of the Apes кои нè очекуваат во 2017-та година, сега им се приклучи и второто продолжение на најдбро продаваниот филм на сите времиња – Avatar.

Сценаристот и режисер, Џејмс Камерон потврди дека продолжението на Avatar ќе се појави во кино салите во 2017-та година.

„Планот е – Божиќ, 2017-та година. Барем така можеме да најавиме сега. Но, јас не сметам дека тоа е толку важно како фактот дека сите три филмови, кога ќе ги завршиме ќе ги објавуваме секоја следна година. Секој од тие филмови е самостоен, но истовремено раскажува многу поголема приказна“, изјави познатиот филмски режисер, Камерон.


„Дизајнот е горе-долу завршен, а тоа беше голема задача која траеше две години. Завршивме со сите суштества и околината, како и со новите светови во „светот на Пандора“ која можевте да ја видите. Пишувањето на сценариото е во тек, но и тоа е речиси готово. Сцените се готови, како и инфраструктурата. Значи целосно сме подготвени да започнеме со продукцијата идната година“, заклучи режисерот.

Avatar 2 ќе биде продолжение на популарниот филм од 2009-та година кој забележа огромен успех, пред се на финансиски план заработувајќи 27 милиони долари само во првиот ден од неговото прикажување.

Ширум светот првиот викенд Avatar заработи околу 232.1 милиони долари, а после 17 дена стана првиот филм кој ја пробил границата од една милијарда долари заработка. За само три месеци од неговото прикажување, филмот на Џејмс Камерон заработи 2,6 милијарди долари со што стана најкомерцијалниот филм од доцните 2000-ти.

Се очекува дека овој филм во поглед на заработката ќе биде надминат од Star Wars: The Force Awakens пред неколку дена ја имаше својата премиера и во првиот викенд заработи повеќе од Avatar.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi