Популарната пејачка Рита Ора одлучи да ја тужи својата издавачка куќа поради конфликт со нејзиниот основач, раперот Џеј Зи.
Во тужбата која што од Рита Ора е предадена во судот во Лос Анџелес стои дека пејачката е напуштена од страна на издавачката куќа откако менаџментот на Џеј Зи се повлекол и куќата ја превзел “Tidal”.
„Кога Рита Ора потпиша за “Roc Nation” извршните директори на издавачката куќа беа многу ангажирани околу неа и нејзината кариера“, стои во тужбата на Рита Ора.
Како што вели популарната британска пејачка со косовско потекло, таа на крајот останала сама, без контакт со лицата во издавачката куќа. Пејачката која нема објавено албум уште од своето деби во 2012-та година истакнала дека со големо нетрпение сака да ги објави своите нови песни и конечно да ги усреќи фановите.