Не бидете роб на другите луѓе: Еве како можете да си угодувате сами на себе и да бидете целосно среќни!

popara26 декември, 20151min00
14

Бидете претпазливи и не се давајте целосно на другите за да не се изгубите себе си
Велат дека ни се потребни само три работи за да бидеме среќни: да сакаме некого, да работиме нешто и нешто за што ќе можеме да се надеваме.
Иако повеќето од нас ќе се сложат дека ова е вистина, сепак многу често наоѓаме начини да ги усложниме работите. Ја бараме среќата таму каде што не постои – во површни цели и желби, кратки задоволства и обиди да се импресионираат другите, и тоа најчесто погрешни луѓе.
Секако, постојат многу извори на среќа, кратки или подолготрајни, но исто така постојат и многу замки – цели и желби за кои мислиме дека ќе ни донесат среќа, но го прават спротивното. Нивното препознавање е најважно. Нема подобро чувство од тоа кога ќе почувствувате дека сте навистина совршено среќни и тоа без некои работи за кои сте мислеле дека ви се неопходни.
Затоа размислете за вашите цели и желби односно замки кои ги наведуваме подолу и како истите ве ограничуваат. Секоја од нив е доста честа во нашиот секојдневен живот, и наместо да носат среќа тие ни ја ускратуваат.
Со цел да бидете посреќни во животот, вие не треба да:
Угодувате на секого
Бидете претпазливи и не се давајте целосно на другите за да не се изгубите себе си. Доколку се обидувате да угодите на секого, на крај ќе бидете вие повредени. Големиот Херберт Бајард Своп го опишал тоа како: „Не знам кој е клучот на успехот, но клучот на неуспеxoт е да пробаш да му угодиш секому”.
Овој совет добро запомнете го бидејќи навистина нема да можете на секого да му угодите. Во одреден момент ќе наидете на нешто што не е популарно, но кое ви дава смисла за живот и ви ја исполнува душата. И кога ќе го пронајдете, прифатете го целосно, исфрлете ги од глава туѓите мислења за тоа и едноставно уживајте.

Очекувате дека се е лесно во животот
Потребно е да работите „тешки” работи за да бидете среќни во животот. Работи кои ве плашат и за кои никој друг не може да ги направи за вас. Работи кои ве доведуваат во ситуација да се запрашате колку уште можете така да издржите и да буткате напред. Бидејќи тие ви даваат смисла за живот, среќа и живот исполнет со успех и задоволства.

Барате сигурност и гаранција
Некои луѓе градат премногу ѕидови околу својот живот без доволно мостови. Звучи чудно, но тие би биле повеќе тажни, отколку да ризикуваат да бидат среќни. Немојте да бидете како нив. Отворете се. Пробајте. Бидете слободни. Со цел да постигнете неверојатни нешта не треба само да делувате туку и да сонувате; не само да планирате туку и да верувате во тоа. Бидете сонувач, имајте верба, храброст и весело расположение. Бидете позитивни, продуктивни и тој што навистина посакува ќе дојде до целта. Држете ја главата горе, високо во облаците, а стапалата цврсто на земја. Дозволете вашата страст и вашите можности да ја запалат искрата во вас за да направите нешто вредно денес и секој друг ден.
И не заборавајте да го проширите вашиот ентузијазам на луѓето околу вас.

Бидете подобри од другите
Големината на нашиот универзум значително се намалува кога себе си се ставаме во центарот, размислувајќи како останатите ни се ривали, како треба да бидеме побогати, попаметни и попривлечни. Таквите цели ги отуѓуваат луѓето и само трчаме во место. Сега помислете на некој кој не прави пресметки во животот, кој не посакува да биде побогат, попаметен или попривлечен, …да биде подобар од другите – токму таа личност е слободна. Односно натпреварувајте се сами со себе.

Повеќе контрола на сè и секого
Понекогаш вложуваме премногу труд да го контролираме нашиот живот. Научете да се опуштите и препуштите на животот да ви го покаже патот. Неверојатните промени ќе се случат кога ќе одлучите да ја превземете контролата над тоа што го имате и престанете да го „контролирате” тоа што го немате. Ослободете се од контролирањето на безначајните работи. Најголемите радости се често најнеочекуваните изненадувања кои доаѓаат кога сте флексибилни и отворени за животни промени.

Ги чекате големите моменти на слава
Промоции, венчавки, раскошни одмори – време исполнето со забава и славење, но истото проаѓа, бидејќи времето тече. Тоа е нешто за кое на почетокот воопшто не сме свесни. Вистинската среќа е кога ќе почнете да ги цените малите нешта. Можеби се тоа моменти кога доаѓате дома, правите салата, пеглате кошула, гледате изгрејсонце или насмевката на вашето дете. Пронајдете ги моментите од кои срцето ви поигрува и ќе почувствувате благодарност за животот што го живеете.

Релации кои би „требало” да ви обезбедат среќа
Односите се важни, но среќата доаѓа одвнатре. Не зависи од надворешното вреднување или од други луѓе. Станувате ранливи и можете лесно да бидете повредени кога вашето чувство на сигурност и среќа потполно зависи од однесувањето на останатите. Имајте го тоа на ум. Никогаш немојте да ја предадете сета ваша сила и моќ на друга личност. Додека целосно не се помирите со она што сте, никогаш нема да бидете задоволни со она што го имате или со кого сте. Научете да сакате и да се почитувате прво себе си, пред да ја добиете идејата да ве сакаат и почитуваат останатите.

Совршена хармонија, во секој момент
Хармонијата во врските е многу убава кога е искрена, но често пробуваме да ја изглумиме. Вистинските разговори имаат суштинско значење. Понекогаш е добро да си раскажете. Сепак, единствениот начин за среќен живот е да се живее со интегритет. Тоа значи дека не треба да прифатите ништо помалку од тоа што мислите дека го заслужувате. Бидете јасни и кажете ги вашите желби и потреби. Кажете ја вашата вистина, иако тоа понекогаш може да создаде кратки
нелагодни ситуации. Однесувајте се според вашите лични вредности. Донесувајте одлуки кои се темелат на вашите верувања, а не само на верувањата на другите.

Подобро време и место
Главната причина која луѓето ја сметаат колку е тешко да бидеш среќен е тоа што секогаш го гледаат минатото како подобро време поминато, сегашноста полоша од тоа што е и иднината без решение. Клучот е секако, спротивното. Треба да се цени минатото, но без да се преживуваат настаните одново, да се живее сегашноста со вера и да и се приоѓа на иднината без страв. Животот е прекраток да го поминете во војна со самите себе си. Ослободувањето од минатото и стравот од иднината е само чекор кон мирот и среќата во сегашноста. Докажете си себе си дека тоа што сте денес е резултат на вашите желби и дела. Утре ќе бидете тоа што сакате и го правите денес. Заклучокот е – не можете да ја запрете иднината, не можете да го промените минатото, а сегашноста можете единствено да ја живеете доколу „вклучите музика и заиграте”.

Среќа 24/7
Никој не е среќен цело време. Не можете да бидете среќни ако не го вкусите периодот без неа. Тоа е гола и сурова вистина. Само имајте на ум колку е совршено нормално да доживувате промени на нивото на среќата од ден на ден, од месец на месец и од година за година. Верувањето и очекувањето само ќе ве разочараат. Но, и кога сте помалку среќни, имате избор како да реагирате и делувате. Одберете одлука да бидете позитивни, секогаш. Најголемиот потег е понекогаш едноставно да станете и со насмевка да се соочите со она што денот ви го носи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag