Неверојатна храброст: Видел девојка како паѓа од 11 кат и се обидел да ја фати на раце!

28 декември, 20150
Неверојатна храброст: Видел девојка како паѓа од 11 кат и се обидел да ја фати на раце!

Надзорните камери снимиле момент во кој момче од Кина на раце фаќа жена која паѓала од 11 кат од зграда.

Пред зградата во кинеската провинција Хубеи, Фенг Нинг трчал и постојано ја менувал положбата гледајќи кон горе, а неколку момнти потоа право во неговите раце паднала жена. Поради јачината на ударот Фенг паднал на земја.

Објаснил дека излегувал од ресторан кога слушнал дека некој плаче и бара помош од блиската станбена зграда. Потоа видел жена која висела на 11 кат.

– Потрчав кон зградата, но падна пред да стигнам до влезот па се подготвив да ја фатам. Не знам што се случи потоа, раскажал од болничкиот кревет.

Еден од сведоците на настанот раскажал дека се слушнала гласна бука, како земјотрес, а потоа го слушнал младиот човек како вреска од болка. Бил префрлен во болница, а жената за жал не ја преживеала несреќата. Момчето вели дека само помислило како треба да се обиде да ја спаси жената, без да размисли дали притоа ќе биде повреден.

– Штета што не успеав да ја спасам, вели тој.

https://www.youtube.com/watch?v=3RlGcTB-il8

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi