Нумерологија: Претставниците на овие 3 броја се посебно добри љубовници!

5 февруари, 20151
5

Кога нумерологијата ќе се замеша во креветот и интимата, резултатите се прилично интересни.

numerologija-pretstavnicite-na-ovie-3-broja-se-posbno-dobri-ljubovnici-01.jpg

Одговорот на прашањето дали сте добри љубовници и колку партнерот е задоволен од вас, можете да го откриете многу брзо и едноставно.

Потребно е само да го пресметате личниот број според датумот на раѓање.

Собирајте ги сите цифри од денот, месецот и годината на раѓање додека не добиете едноцифрен број.

На пример: 12.03.1991 = 1 + 2 + 3 + 1 + 9 + 9 + 1 = 26 = 2 + 6 = 8

Ако бројот е 3, 5 или 8, тогаш вие имате посебно изразен сексуален апетит и нема човек кој не би сакал да е со вас.

sexx-dd7535e5

 

Број 3

Овие личности се благословени со изразена сексуална енергија која ја искажуваат на различни начини. Обожаваат да фантазираат и прилично се слободни кога се работи за водење љубов.

Заради изразеното либидо често менуваат партнери и дозволуваат сексуалната енергија да го преземе кормилото над нивниот живот.

По природа се оптимисти, друштвени и полни со енергија. Знаат да уживаат, имаат добра смисла за хумор и лесно склопуваат нови пријателства.


Број 5

Страствени се и во константна потрага по љубов, па го привлекуваат спротивниот пол каде и да се појават.

Имаат постојана потреба од експерименти, па така често пати одат во крајности. Сексот за нив има моќна и силна улога во животот и често е на самиот врв на листата со приоритети.

Со текот на годините сексуалниот апетит расте, па во доцните 30-ти ќе го доживеат врвот.

Сакаат да флертуваат со сите и секогаш и обично се грижат за својот физички изглед.


Број 8

Заради преголемата потреба за секс, овие личности многу пати се наоѓаат во центарот на скандалите. Лесно започнуваат да изневеруваат, но само заради либидото над кое немаат контрола.

Имаат проблем да остварат емотивна блискост заради преголемата оптовареност со страстите.

Ако не водат љубов доволно често стануваат фрустрирани, па дури и агресивни.

Познати се како амбициозни личности кои се подготвени да го прегазат моралот, само за да дојдат до својата цел.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *