Очајно сакала да биде слаба, но наместо тоа станала анорексична

popara11 декември, 20151min00
9

Ел Лиецов била само на неколку часа оддалечена од смртта откако цела недела живеела без храна и вода, затоа што очајно сакала да биде слаба и популарна.

Во моментот кога достигнала 34 килограми, колабирала затоа што ја загубила циркулацијата во прстите на рацете и нозете, а ноктите и биле целосно црни и лесно пукале. Долгата руса коса паѓала во прамени, а коските и биле толку истакнати што се гледале и преку облеката.

sakav-da-stanam-slaba-i-popularna-a-stanav-samo-anoreksicna-5.jpg

„Сакав да бидам слаба за да бидам прифатена. Изгубив неколку килограми уште додека се занимавав со пливање и тогаш сите ми делеа комплименти. Помислив дека и кога ќе завршам со пливањето ќе морам да ја одржам таа тежина, за пријателите да продолжат да ме сакаат и да се дружат со мене.“

Токму овој начин на размислување ја донел до анорексијата.

sakav-da-stanam-slaba-i-popularna-a-stanav-samo-anoreksicna-2.jpg

Јадела само риба и зеленчук на почетокот, а кога не видела драстични резултати, решила целосно да престане да јаде. Тогаш била хоспитализирана, а докторите се чуделе како сè уште е жива.

sakav-da-stanam-slaba-i-popularna-a-stanav-samo-anoreksicna-4.jpg

Денес, благодарение на големите животни промени, Ел изгледа сосема различно. Одбрала да биде веган, на што и се приклучиле нејзината мајка и сестра.

sakav-da-stanam-slaba-i-popularna-a-stanav-samo-anoreksicna-8.jpg

„Животот ми се промени. Сега сум друштвена, излегувам со пријатели, не се плашам дека ќе ме остават ако се здебелам и се трудам да ги инспирирам младите девојки преку Инстаграм. На мојот профил делам совети за веганската исхрана. И единствената поука која ја имам за сите оние кои се борат со анорексија е дека само самите на себе можат да си помогнат. Мораат самите да одберат здрав живот.“

sakav-da-stanam-slaba-i-popularna-a-stanav-samo-anoreksicna-9.jpg

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag