Оваа луксузна продавница во Њујорк крие стреашна тајна во подрумот

14 јануари, 20150
1

Последниве неколку години стапката на криминал во Њујорк бележи значаен пад, но не било така отсекогаш. Историјата на криминалот и злоделата во овој град стигнува се` до 1700-тите години, кога се случило едно од најпознатите нерешини убиства во овој град, случајот на Џулием Елмор Сандс.

Џулием Елмор Сандс ја напуштила својата соба во пансионот на Гринич стрит на 22. декември 1799. година како би се сретнала со својот љубовник Леви Викс. Таа ноќ планирале да побегнат. За жал, Сандс не се појавила, а 11 дена подоцна, нејзиното тело со траги од давење било најдено во бунар во крајот Лиспенардс Медоу, денешна Спринг стрит. На местото каде некогаш бил бунарот, денес се наоѓа луксузна продавница за облека.

Во подрумот на бутикот и денес, меѓутоа, може да се видат остатоци од бунарот во кој пред многу години е најдено телото на Сандс.

Се наоѓа на долниот кат…

По смртта на Џулием, осомничен бил нејзиниот сакан Леви Викс. Се зборувало дека Џулием забременила и дека тој затоа ја убил. Викс бил уапсен, но по судењето бил ослободен од обвиненијата. И покрај тоа, медиумите шпекулирале дека е виновен, па, откако бил ослободен, стравувајќи за сопствениот живот, го напуштил градот. Семејството на девојката, кое исто така се сомневло во Викс, отишло толку далеку што го изложило телото на својата мртва ќерка пред пансионот во кој некогаш станувала како би побудила сомнеж во јавноста. Злочинот никогаш не е решен.

Остатоците од бунарот биле целосно заборавени се` до 1980 година, кога тогашниот сопственик на зградата при реновирање случајно ги открил.

Пред да се всели бутикот во зградата, во неа имало ресторан, чиј персонал зборувал за необични искуства во близина на бунарот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi