Оваа манекенка тврди дека имала секс во тројка со Џастин Бибер

15 декември, 20150
2
Британската манекенка Лаура Картер тврди дека имала секс во тројка со 21-годишниот Џастин Бибер. Оваа 30-годишна девојка тврди дека младиот пејач е одличен во кревет и дека е многу позгоден отколку на разголените фотографии.

 


Таа наводно го запознала Бибер на подиум за танцување во лондонскиот клуб „Tape”, а тврди дека ја одбрал токму неа од сите девојки во клубот. Потоа, неговото друштво ја одвело на приватна забава во хотелот Роузвуд, која завршила со интервенција од полицијата.

„Во групата имаше четири мажи и десет девојки, кои изгледаа многу гламурозно. Забавата беше на врвот, а Џастин ни ги покажуваше неговите танцувачки способности“, раскажала Лаура и додала дека на вратата од хотелската соба ѝ бил одземен мобилниот телефон, па не можела да прави слефија, пишуваат британските медиуми.

Откако испиле литри шампањ, Џастин со девојките започнал да игра секси верзија од играта „вистина или предизвик“. Набрзо заминал во спалната соба со една од девојките, а 20 минути подоцна се вратил облечен само во боксерки. Тетеравејќи се дошол до Лаура, а потоа почнал да ја заведува и неа.

„Беше неверојатно и нереално. Светлата беа изгасени, почнавме да се бакнуваме потпрени на ѕидот. Кога погледнав околу себе, видов дека со нас е и другата девојка. Мислам дека беше Американка и беше јасно дека правеле нешто. Легнавме на креветот и почнавме да се бакнуваме“, раскажала Лаура, пишува „Daily Star”.

Набрзо другата девојка ја напуштила собата бидејќи не ѝ се допаднало што Џастин повеќе внимание ѝ посветувал на манекенката.

„Џастин не замина со неа. Всушност изгледаше дека му е мило што замина, беше посреќен кога во собата останавме само јас и тој. Сексот беше одличен“, се пофалила 30-годишната манекенка.


Хотелот го напуштила во 6:30 часот наутро, а на заминувањето забележала двајца полицајци на рецепција. Наводно една од девојките од собата на Бибер доживеала нервен слом. Боса слегла до рецепцијата и врескала дека не можела да ја пронајде нејзината пријателка. Полицијата потврдила дека во понеделникот околу 06:15 часот интервенирала во хотелот откако им било дојавено дека ѝ бил загрозен животот на една девојка.

„Полицајците утврдија дека девојката е на безбедно и дека е добро. Не бил направен никаков прекршок и не се превземени никакви полициски акции“, стои во соопштението кое го објави „Daily Mail”, а портпаролите на Џастин Бибер не ги коментирале тврдењата на Лаура Картер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi