Погледнете го трејлерот за вториот дел на „Денот на независноста“

15 декември, 20150
Погледнете го трејлерот за вториот дел на „Денот на независноста“
Сите зборуваат за продолжението, вториот дел на „Денот на независноста“ – трејлерот изгледа доста „мрачно“ и „сериозно“.

Вонземјаните се враќаат и се чини дека се поприлично лути. 20 години откако светските сили ги здружија своите воени сили за да спречат инвазија, нова вселенска ескадрила пристигнува во одмазднички поход во второто продолжение на „Денот на нзависноста“ насловен како “Independence Day: Resurgence”.

Роналд Емерих повторно е режисер и успеал да го собере горе-долу поголемиот дел од првиот филм, иако најголема трага ќе остави отсуството на Вил Смит. Смит ќе го замени ликот на неговиот син кој го глуми Џеси Ашер, а покрај него се појавуваат неколку ликови како Лиам Хемсворт, Маика Монро и Села Вард.

Визуелните ефекти изгледаат одлично, а трејлерот најавува дека ќе гледаме вистинска пресметка помеѓу луѓето и вонземјаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi