Конгресот на САД го објави годишниот извештај во кој ја стави Русија на второ место, по САД, според извозот на оружје, пишува американски „Њујорк Тајмс“, а пренесува „Лента.ру“.
Во 2014 година Русија заработила од продажба на оружје 10,2 милијарди долари (во 2013 година – 10,3 милијарди), пренесе Руска реч.
САД го задржаа лидерството во оваа сфера со зголемување на добивката од експорт на оружје за 10 милијарди долари. Така, во 2013 година Американците заработиле 26,7 милијарди долари, а во 2014 година го зголемиле овој показател на 36,2 милијарди. Порастот се објаснува со големите договори со Катар, Саудиска Арабија и Јужна Кореја. На тој начин, САД контролираат 50 проценти од светскиот пазар на оружје.
На трето место е Шведска со добивка од 5,5 милијарди долари. По неа следуваат Франција (4,4 милијарди) и Кина (2,2 милијарди).